ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Концептот за дигитализација на образованието е етапен и овозоможува секој ученик да има учебник

April 28, 2021 19:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Концептот за дигитализација на образовниот процес не се воведува нагло, одиме етапно. Со овој концепт се обезбедува можност секој ученик, зависно од можностите и потреби, да има учебник. Учебниците се инклузивни за да се подобри еднаквоста, рече денеска министерката за образование Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

На прашање од пратеникот од Левица, Борислав Крмов околу новиот предлог Закон за учебници кои треба да обезбедат дигитализација на образовниот процес, Царовска посочи дека само четврто одделение наредната година ќе има комбиниран модел на учебници и материјали за учење. Дел од нив ќе бидат печатени, дел од нив ќе бидат овозможени во дигитална копија, дел од нив испечатени на брајово писмо, а за првпат како што рече, ќе има и аудио верзија од сите учебници, за да што поголем број на ученици имаат пристап до учебници.

-Моделот е етапен и обезбедува можност секој ученик зависно од можностите и потреби да има учебник. Не знам колку знаете за еднаквост, и рамноправност но тоа не значи дека ако имате печатен учебник тој ги опслужува потребите на сите ученици. Токму затоа ги напоменав инклузивните учебници, затоа што сега со овој закон за првпат ја подобруваме еднаквоста, не ја влошуваме, додаде министерката.

Како што рече, сиромаштија во нашата држава има, но вложено е и во најсиромашните.

-Ако едно дете има само пристап до некаков учебник со квалитет кој што е сомнителен, и сите дискутираме со години за квалитетот на учебниците во основно и средно образование, денеска велиме имате можност за квалитетен учебник, ако немате можност да обезбедите електронски уред, во закон според обврска за првпат има можност да го обезбеди држава или училиште, рече Царовска.

Министерката посочи дека интенција не е да ги испечатат учебниците, туку да обезбедат уреди за оние кои што никогаш не биле изложени на дигитализација, за да се подобри еднаквоста или да се намали нееднаквоста за учениците кои имаат ист учебник со таблет или лаптоп, и оние кои имаат пристап само до некавлитетен учебник.

-Ова законско решение голицка и други елементи, а тоа се ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права на сите тие кои со години полнеа нечии џебови но никако не се грижеа да бидат тие учебници усогласени со програмите затоа што не предаваме учебник туку наставна програма, и постигнуваме резултати од учење предвидени во наставна проиграма и првпат ги имаме јасно позиционирани и достапни за грѓаните и наставниците, додаде Царовска.

 

 

Извор миа.мк
Next Post

Маричиќ: Не постојат фантомски изводи, тоа е опасно замајување на јавноста

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk