Делегацијата на Европската унија, Скопје, ги предложи Денис Јанкуловски, Кристина Скепаровска и 3Д Принт Медицинска Опрема во категоријата „Европејци на годината“ – здравствени работници.
Како што нагласуваат, наградата „Европeјци на годината“ им оддава признанија на поединци или организации кои дале огромен придонес во својот домен.
„Овие етаблирани лидери доаѓаат од различни средини. Нивните иницијативи трагаат по еколошка правда, го вложуваат своето знаење и труд во секојдневната борба со пандемијата, го креваат гласот на младите и влеваат креативност во време кога уметноста е ограничена.“, наведуваат од Делегацијата на Европската унија, Скопје.
Гласањето започнува на 29.4.2021.