ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Со одлагањето на стартот на преговорите загибивме ние, но и регионот, ЕУ и Бугарија

April 28, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година почна добро, имаме нова методологија којашто овозможи безусловно зелено светло, меѓутоа не заврши добро и мислам дека со еден таков епилог прво изгубивме ние, потоа изгуби регионот, бидејќи бледнее надежта дека европската перспектива е реална, изгуби и ЕУ бидејќи заедно со намалување на кредибилитетот се намалува и влијанието, а мислам дека изгуби и Бугарија бидејќи имавме една голема можност што треба да се обидеме заедно да ја вратиме, да градиме едно вистинско и блиско партнерство и пријателство, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Во обраќањето на конференцијата „Спогодбата за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ – дваесет години и натаму“, организарана од тинк-тенк организацијата „Институт за европска политика – Скопје“, Димитров нагласи дека Северна Македонија е на ниво на усогласеност со земји во регионот кои веќе преговараат, а во некои поглавја и подобра од нив, посочувајќи дека нашиот напредок е препознаен и дека предизвиците мора да резултираат со успех, бидејќи немаме друга алтернатива освен европеизирање на македонското општество.

Тој напомена дека сите зеднички тела кои се воспоставени во изминатите 20 години со цел да се овозможи успешно реализирање на Спогодбата од страна на сите домашни институции функционираат редовно и успешно. Едновремено, потсети дека приоритет е да работиме на унапредување на административните капацитети, особено во контекст на ИПА кадарот, бидејќи успешно спроведени ИПА проекти значат подобрена инфраструктура за сите граѓани.

– Спогодбата продолжува да биде единствената правна рамка која ги регулира нашите односи со ЕУ и можеби уште поважно, ги штити нашите интереси, особено интересите на домашното стопанство, вклучувајќи ги и услугите. Затоа, ние немаме друга алтернатива. Мора да продолжиме активно да ги исполнуваме и нашите обврски кои произлегуваат од Спогодбата, носејќи ги европските вредности дома. Во тој процес се обврзуваме да бидеме инклузивни и транспарентни, а тоа подразбира искористување на сите капацитети, не само на институциите, туку и на граѓанскиот сектор, на академската заедница, на стопанските комори и синдикатите, бидејќи сите ние поеднакво сме засегнати не само од бенефициите, туку и од предизвиците кои со себе ги носи пристапниот процес, додаде Димитров.

Тој нагласи дека имам амбивалентен однос кон овој јубилеј, бидејќи од една страна оваа правна рамка ни помогна многу, од друга страна не потсетува на изгубеното време, на изгубените генерации, на изгубените можности.

– Ние бевме први што ја зграпчивме оваа шанса меѓутоа уште немаме отпочнато со пристапниоте преговори. Хрватска, која што беше по нас, оваа година одбележува 8 години од пристапувањето кон ЕУ. И затоа разбирливо е да ги чувствуваме фрустрациите кога сме 16 години во чекалната на ЕУ. Но колку и да е големо искушението да паднеме во таа замка  да се чувствуваме како жртва која е онеправдана, претпочитам да видиме што е тоа што можеме да го направиме за да си одиме по патот што нема алтернатива, по европскиот пат, за да не’ биде. На некој начин драстичноста на македонската приказна мислам и за тоа зборувам последните години во главните градови на земјите-членки, нашата приказна токму поради изгубеното време, меѓудругото, меѓутоа и поради направениот прогрес, поради лидерството во решавање на билатерални прашања не’ прави тест за тоа колку ЕУ е сериозна и колку Балканот може да верува на зборовите кои доаѓаат од Брисел и од главните градови на земјите-членки, истакна Димитров.

Како што соопшти СЕП, конференцијата беше можност, особено во светло на предизвиците за отпочнување на пристапните преговори, да се потсетиме на придобивките и можностите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, но и за следните чекори во насока на нејзино целосно спроведување.

На конференцијата покрај Димитров учествуваа и директорката на Институтот за европски прашања, Симонида Кацарска, како и Мари Тереза Моран, заменик раководител на единицата за Северна Македонија во Европската комисија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

May 11, 2025
Генерирано со ВИ

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

May 11, 2025

Автобус во Шри Ланка излета од карпа, 21 лице загина, најмалку 14 се повредени

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk