ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџа: Обесштетувањето за 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година по измените на Законот за заштита и спасување

April 28, 2021 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е точно тврдењето на некои опозициски политички партии, дека наводно штетите од невремето во Арачиново и Сингелиќ некому се исплаќале, а некому не. Утврдените штети според Законот за земјоделство се платени за сите општини во 2016 година, а штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020-та ќе бидат опфатени со измените на Законот за заштита и спасување. Засега не се знае колкаво ќе биде обесштетувањето, тоа треба да утврди Комисијата за проценка на штети, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Хоџа нагласи дека Министерството за одбрана по брза постапка треба да изготви измена на Законот за заштита и спасување со што ќе се овозможи сите предмети по однос на штетите да ги преземе Комисијата и соодветно да се постапи.

– Во 2015 година имало уредба со која се дозволувало МЗШВ да ја утврдува штетата, но уредбата е укината во 2019-та и сите штети треба да се разгледуваат согласно Законот за заштита и спасување. Со оглед дека штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година биле во вакуум простор, не ги регулира Законот и Комиисјата за проценка на штети не може да ги преземе предметите. Министерството за одбрана е задолжено од Владата да изготви по брза постапка измена на Законот со преодни одредби, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод новите униформи за Шумската полиција.

Не зборуваме, дополни тој, за оценка на штетите, туку за отворање законска можност Комисијата да ги разгледа и врз основа на изготвениот извештај Владата да одлучи колкав ќе биде процентот на обесштетување.

– Не зборуваме за немање волја, туку за непостоење законска можност за што Владата веќе го задолжи Министертството за одбрана, потенцира Хоџа. 

извор: MИА

Next Post

Дебата: ССА е и останува единствен правен документ што го регулира нашиот однос со ЕУ до полноправното членство

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk