Апсолутно денешниот извештај на Фридом Хаус потврдува дека сме на вистинскиот пат, денешниот извештај потврдува дека Северна Македонија се подобрува и излегува од 2017 навака од ужасната состојба која оваа Влада ја има наследено и државата и институциите и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата што е успешна приказна која што на Балканот му е потребна.
Во извештајот експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправа штетата која што е нанесена на институциите во претходниот период од десничарските популисти пред него и овој извештај на Фридом Хаус целосно алармира генерално за падот на демократиите и лизгањето на многу системи кон авторитарност во регионот притоа извдојувајќи ја Северна Македонија како успешна приказна заедно со неколку земји како единствени кои бележат раст на внатрешната демократија.
Извештајот е мерен по однос на односот на Владата и институциите кон медиумите, кон граѓанското општество, кон правосудството кон локалното демократско владеење и за оваа поставеност Северна Македонија бележи раст којшто се протега од 2017 до 2021г во делот на демократскиот сектор и демоктратското владеење. Секако дека за сите овие забелешки длабински ќе бидат прегледани има забелишки во делот на правосудството на различни свесни на којшто сите напорно работиме во овој период и во периодот што следи треба да работиме. Меѓутоа факт е дека Фридом Хаус нотира силен напредок и излегување токму од таа институционална криза во која што државата беше пред 2017г.
Пред се се нотираат слободата и демократијата како највискои вредности и сме издвоени од регионот во тој дел на напредокот. Секако дека институциите и Владата треба длабински да го разгледаат и да се преземат активности како што и ние сме преземале активности во делот на извештајот на ТИ или било кој друг извештај. Тоа се добредојдени препораки, кои што треба да бидат патоказ за она што треба да го работиме за во периодот што следи, вели Николовски