ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Анти-кризните мерки даваат резултати, економијата закрепнува и тоа го потврдува наплатата на ДДВ која е повисока за 54% во однос на април 2020 година

April 28, 2021 16:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата, тоа во услови на економска криза заради пандемијата, а како директен ефект на сите донесени анти-кризни мерки за ублажување на последиците по економијата, стопанството и стандардот на граѓаните“, истакна премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

„Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Мерките од петтиот и шестиот пакет се во тек, и сето тоа помогна да го подобриме економскиот резултат за 4,2 процентни поени“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев

„Позитивните движења во економијата најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот“, рече премиерот Заев и соопшти дека во март 2021 година, Управата за јавни приходи реализира наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите, што е добар знак дека економијата постепено закрепнува.

„Само во април 2021 година приходот од данокот на додадена вредност се бележи наплата повисока за 54% во однос на април 2020 година“, нагласи премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека стопанството е поддржано како никогаш досега и потенцираше дека  редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, и ги реализираме сите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.

Next Post

Фајзер/БиоНТек уверени во ефикасноста на својата вакцина и против индиската мутација

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk