ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Платите се видливо зголемени и може да се направи разлика

April 28, 2021 17:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Финансиските ефекти од владините пакет економски мерки покажуваат излез од кризата и заживување на економијата. Платите се зголемени во образованието, здравството, армијата, во приватниот сектор со субвенционирање на платите…,Не можам да кажам дека е доволно но навистина е видливо и може да се направи разлика, изјави попладнево премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање и најави за наесен зголемување на  буџетите и во правосудството.

На прашањето од пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски за тоа што донесоа политиките на Владата во делот на унапредувањето на работничките права, Заев нагласи дека еден од најголемите ефекти кои предизвика спирала на подигање на платите е минималната плата и Законот за минимална плата од 2017 година.

-Во 2017 имавме минимална плата 9 000 денари, сега таа е 15 200 денари и нема веќе сектори кои земаат плата под минималната како што беше пред 2017. Тоа значи зголемување од 6 000 денари или 72 000 по лице годишно кај секој работник. Зголемувањето на платите во основното и средното образование е за 2100 денари, 3 200 во високото образование. Просечната плата во здравството ја зголемивме за 4700 денари, а во одбраната меѓу 3000 и 6000 денари зависи од работното место, рече Заев.

Тој додаде дека социјалните работници добиваат плата поголема за 6700 денари во однос на 2015-та, за воспитувачките за скоро 5000 денари, а во земјоделството освен изедначувањето на минималната плата платите се зголемени за 4600 денари.

Преку субвенционирање на фирмите за зголемување на плати на работниците до 6000 денари, 200 000 работници во државата имаат зголемени плати. Тој укажа и на решавањето на проблемот со Законот за стечајните работници со кој на вкупно 12 000 стечајци им се исплаќа 8 000 денари месечен надоместок, а се работи и на нов закон со кој ќе бидат опфатени и преостанатите стечајни работници.

Со четирите пакети екононски мерки нагласи Заев, сочувани се повеќе од 100 000 работни места, помогнати по разни основи се над 400 000 граѓани.

-Вкупно 65 милијаради денари директни се вбризгани во домаќинствата и во компаниите. Редовно е сервисиран буџетот, редовно се пуштени парите во оптек. Државата се има откажано од приходи за реализација на мерките и е подготвена и понатаму да развива мерки за помош на граѓаните, сиромашните, работниците, домашните претпријатија. Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни. Отворен и инклузивен процес на креирање на текстот на Предлог законот за работни односи кој очекуваме следните месеци да заврши. Недела не само што ќе биде неработен ден за многу работници, туку и за оние кои ќе работат во недела зашто не може да се прекине процесот, ќе добијат гарантирано зголемена дневница, нешто што претходно не се случувано. Остварен е дијалог со синдикатите и сите претставници на работниците. Денес тие дискутираат со Владата и министерствата на инклузивен начин достапен за сите, рече Заев.

Тој кажа и за зголемување на платата согласно колективниот договор за вработените во високото образование и науката од 1 септември годинава и тоа осум отсто за наставниот кадар, а од септември  2022 од дополнителни седум отсто.

-Со стабилизација на економијата продолжуваме и во 2023, 24 и 25 година со поголеми проценти. Овој колективен доогоовр донесен прв пат по 30 години, го уредува системот на плати во виското образование, рече Заев.

Според него, вкупно во образованието платите на околу 20 000 вработени во основното и на окоу 8000 во средните училишта во 2020 година пораснале за 10 отсто и заедно со покажувањето на платите во виското образование со околу 4500 вработени и на оние во јавно-научните установи се доаѓа до бројка од 52 700 граѓани вработени во образованието и науката добиваат повисока плата, а со претходните две покачувања вкупно платите во секторов се зголемени за 20,6 отсто.

Во здравството осовната плата на лекатите и специјалистите се зголемени за 40 отсто, за медицинските сестри 20-25 отсто, на општите лекари 25 отсто, како и капитациите на матичните лекари (општи лекари, гинеколози и стоматолози) од октовмри 2019 година за 15 отсто. Од април годинава, во секторот има дополнително зголемување за 5 отсто.

Зголемени се рече и платите во социјалниот сектор во просек за 22 отсто и дополнителни пет осто согласно законот за вработени во јавниот сектор, во армијата за 3000 до 6000 зависно рабпотното место, а добиваат и 7000 денари за станарина..

-Не можам да кажам дека е доволно но навистина е видливо и може да се направи разлика, рече Заев.

Најави за наесен зголемување на платите и во правосудството.

-Очекувам од оваа есен да настапиме како Влада пред Парламентот за првиот чекор за зголемување на севкупните буџетски основи за правосудството – за судиите и обвинителите каде што на тригодишен раст очекуваме да ги дуплираме буџетите на ЈО и судството, а паралелно со тоа да ги следиме и сите останати сектори. Верувам дека економското зајакнување на државата ќе даде уште поголеми можности граѓаните, работници да бидат уште позадоволни од нивните примања оти преку тоа се заокружува и поголемиот квалитет за живот на сите, рече Заев

Костовски по одговорот изјави дека сега гледа причина да се заблагодари до двата пратеника од парламентарното мнозинство кои во скафандери гласаа за усвојување на петиот пакет економски мерки на Владата. Во духот на 1 мај и Собранието, рече, ќе се заложи за унапредување на работничките права.

извор: МИА
Next Post

Царовска до Мисајловски: Нема укинување на печатените учебници, се обидувате да ја манипулирате јавноста

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk