ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Потврдуваме дека нема заштитени и недопирливи

April 29, 2021 22:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Тоа што денес зборуваме за случаи за обвинети актуелни функционери ја потврдува отвореноста, транспарентноста, неселективноста, бескрупулозноста, односно потврдува дека нема заштитени, нема недопирливи, во оваа слобода и демократија кои што ги донесовме, институциите треба да работат, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

„Институциите во секој случај треба да постапуваат, да бараат, да влезат во владата, да земат документација, да покренуваат постапки и да имаме соодветни судски постапки во кои што ќе се докажува дали некој е виновен или не, дали треба да одговара или не треба да одговора. Ова беше незамисливо во претходниот период, кога немавме ниту една постапка за актуелните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а во бомбите после тоа слушавме дека нема некој што не е инволвиран во местење на тендери, во земање на пари на граѓаните, во разни незаконски дејствија за кои што прават се денеска за да нема одговорност“ изјави Николовски.

Тој повтори дека Владата е насочена кон градење на праведно и правично општество во кое што нема да има недопирливи и сите ќе одговараат за своите постапки, без разлика на партиската определеност.

Николовски повтори дека не треба да не изненадува тоа што институциите функционираат и што покрај, како што кажа, клучниот играч од времето на режимот, Сашо Мијалков, се водат предмети и против актуелни функционери.

„Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка на сите. Против ова зло треба да се бориме сите заедно, навистина чесно и одговорно треба да се поставиме и да кажеме стоп за многу работи. Безрезервно треба да се поддржи битката и токму затоа на секоја владина седница бараме одговори за сите овие мерки и политики до каде се. Нема кој друг да ни ги реши работите и сметам дека во тој правец треба да се трансформира ова општество“ рече Николовски.

Next Post

Николовски: На локалните избори нема да кандидираме луѓе за да задоволиме лични апетити, туку ќе кандидираме квалитетни кадри

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk