ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува кампањата за промоција на предностите и можностите кои ги нуди средното стручно образование

May 7, 2021 15:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дијалогот на МОН со општините, училиштата и стопанските комори кој го започнавме на почетокот на оваа календарска година  насловен како „Учи паметно, работи стручно“ и преку кој ги идентификувавме потребите од отворање на нови профили и паралелки во училиштата на локално ниво, односно за прв пат креиравме заедничка уписна политика, продолжува да се реализира преку втората фаза, која е кампањска и со која на терен ќе ги доближуваме предностите, перспективите и можностите кои ги нуди средното стручно образование на идните средношколци. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на двете средни училишта во општина Кочани – СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“.

 

Министерката истакна дека заедно со амбасадата на Швајцарија во Скопје која го финансира проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ направен е план за посета на сите средни стручни училишта со кои заедно ќе се организираат отворени денови за учениците од соодветните општини.

„Целта е подетално да ги запознаеме со тоа што им нуди овој тип на образование, по какви наставни програми ќе се едуцираат, каде и каква практична настава ќе реализираат, каква е веројатноста за вработување по стекнувањето на соодветните стручни квалификации, какви можности за стипендирање можат да искористат додека учат и слично“, рече Царовска додавајќи дека очекува овие средби со младите да ги разрешат нивните дилеми каде да го продолжат своето средно образование.

Министерката рече дека со ваквите активности верува дека младите ќе бидат мотивирани во што поголем број да се запишуваат во средните стручни училишта, особено во дуалните паралелки, каде се применува концепт кој е исклучително модерен и како што рече, баш онаков каков што има и во земјите со развиени образовни системи и образовни политики синхронизирани со потребите на економијата и стопанството.

„Овде во општина Кочани и во двете училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викетиев“ се отворени дуални паралелки, што значи дека учениците кои ќе се запишат ќе имаат интересно образование, со повеќе практична обука во познати локални компании на кои ќе им станат и потенцијална работна сила на добро платени работни места по стекнувањето на дипломата. Во меѓувреме ќе можат да го остварат и правото на стипендија затоа што се запишани во дуална паралелка, а тоа право значи добивање на 3500 денари месечно за 9 месеци во годината“, рече Царовска апелирајќи до полуматурантите добро да размислат каде ќе продолжат да се образуваат, притоа водејќи се согласно своите лични желби и афинитети, но и согласно информациите за тоа што недостасува и каков тип на образование нуди перспектива на пазарот на трудот.

Next Post

Филипче: За проектот за изградба на нов Клинички центар треба да покажеме капацитет за консензус

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk