ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: По 25 години армиските специјалци добија нова комплетна алпинистичка опрема

May 8, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“По цели 25 години армиските специјалци добија нова комплетна алпинистичка опрема. Четврт век никој не инвестирал во оваа важна компонента на нашите специјални сили која е подеднакво важна и за вежбање на воени операции на непристапен карпест терен, и за операции за евакуација и спасување на цивили на тежок и опасен терен каде не може да се стигне со традиционален транспорт”, рече денеска министерката Радмила Шекеринска на промоцијата на новата алпинистичка опрема која ќе ја користат дел од припадниците на Баталјонот за специјални сили.

Промоцијата се одржа на полигонот за воена алпинистика во близина на Демир Капија, при што во рамки на презентацијата беше изведена и воена вежба за спасување на загрозени граѓани на планински карпест врв. На вежбата беше прикажана новата опрема, а беа вклучени и воени хеликоптери за воздушна евакуација и транспорт.

“Алпинистичката опрема заедно со новата спортска опрема која ја комплетиравме, како и гортекс оделата, се последното каменче во мозаикот кој ја отсликува модернизацијата на Армијата во делот на личната опрема на нашите војници. Со задоволство можам да кажам дека имаме Армија од глава до петици облечена во ново, со што значително се менува сликата за Армијата на Република Северна Македонија која во минатото беше запоставувана”, истакна министерката Шекеринска.

Таа подвлече дека секој еден припадник на Армијата го заслужува најдоброто и дека со набавената лична опрема и со борбената опрема чија набавка е во тек, денес веќе секој војник може гордо да застане под државното знаме на Северна Македонија и под знамето на НАТО.

“Пред неколку дена се изврши смена на првата и втората наша ротација во НАТО мисијата КФОР во Косово. Сакам од овде каде што стоиме во подножјето на овие високи врвови, да им честитам на нашите припадници за добиените медали за нивното учество во мисијата во Косово но и во Авганистан од каде ги очекуваме да се вратат. Но сакам и да порачам дека врвовите постојат за да се освојат и како што видовме пред малку како нашите војници успешно ја совладаа стрмната карпа, се потсетивме на најважната лекција дека ниту еден врв не е недостижен ако се вложи труд и ако се има мотив и средства и опрема. Армијата на Република Северна Македонија успешно се искачува кон својот врв каде што и е и местото на Армија членка на НАТО”, рече Шекеринска.

На промоцијата на алпинистичката опрема присуствуваше и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски кој заедно со министерката ја проследи демонстрацијата на користење на опремата.

Набавката е извршена од буџетот на одбраната и е во износ од 15 милиони денари. Арсеналот алпинистичка опрема се состои од таканаречено витло за спасување, алпинистички јажиња за извлекување и за заштита при искачување, алпинистички појаси, алпинистички цокули и патики, шлемови, ламби за на шлемови, пластични и метални носилки за транспорт, бургии за бушење, канџи за вкопување во карпа и сл. Опремата е од современо европско производство.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

July 27, 2025

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген, шестмина се во критична состојба

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „Маршот на ангелите“, родителите запрашаа: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk