ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Европските вредности се универзални

May 9, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 9 Мај, Денот на Европа, се слават европските вредности, меѓу кои мултикултурализмот и почитувањето на различностите. Понатаму, почитувањето на човековото достоинство и човековите права, слободата, демократијата, еднаквоста и владеењето на правото се фундаменталните вредности на Европска Унија кон кои се обврзани сите земји членки на најдинамичниот и најпрогресивниот сојуз на држави во светот.

Европските вредности се универзални и во голема мера се идентични со фундаменталните човекови права и слободи дефинирани во Универзалната декларација за човекови права.

Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ веќе од 22 години неуморно се залага за почитување на човековите права и слободи, правдата, еднаквоста и слободата кои се дел и од европските и од општочовечките вредности.

И оваа година, Денот на Европа, 9 Мај, ќе се одбележи во услови на пандемија со Ковид-19, со акцент на заложбите на ЕУ да придонесе максимално кон заштита на јавното здравје, но и одбрана на човековите права и слободи во услови кога тие се под постојана закана на разни форми на радикализам, говор на омраза, ксенофобија и во време кога дезинформациите и теориите на заговорот се ширеа побрзо и од корона вирусот, феномен што го доби називот инфодемија која стана уште еден облик на загрозување на јавното здравје и на демократијата.

ЦИВИЛ ја истакнува важноста на европските вредности и ги повикува сите поединци, заедници, институции и политички или граѓански организации на сите нивоа во земјава и во Европа, да ги удвојат напорите за одбрана, унапредување и промовирање на тие вредности, на секое место и во секое време.

Членството во ЕУ останува една од највисоките национални цели и стратешки интерес на Република Северна Македонија. Живееме во период на предизвици кога, со прифаќањето и негувањето на европските вредности, секој од нас може да даде драгоцен придонес кон ЕУ интеграциите и кон подобрувањето на животот на сите граѓанки и граѓани на нашата земја, но и на Европа.

Со проектот „Европски перспективи“ ЦИВИЛ ги продолжува и зајакнува уште повеќе напорите кон трасирање на патот кон ЕУ преку учество во креирање политики, подигање на свеста и активизам за европските вредности, мултикултурализам и недискриминација, зyастапување за воведување на европски вредности, мултикултурализам и недискриминација во основните и средните училишта, справување со нарушувањето на информациите и хибридните закани, обезбедување простор и видливост на прогресивните идеи и граѓанското општество, придонес кон реформите во изборниот систем, афирмирање на пописот како статистичка, а не политичка операција.

Во таа насока, ЦИВИЛ, преку инцијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите ги повика јавните личности,  уметници, активисти и интелектуалци да говорат и пишуваат за богатството на нашето општество кое го носат различностите и европските вредности, како што се почитувањето на човековите права и слободи, слободата, еднаквоста и правдата.

И да се запомни, сите граѓанки и граѓани имаат можност да се вклучат во промоција и практикување на европските вредности.

Биљана Јордановска / ЦИВИЛ

Next Post

Радев: Указ за привремена влада најрано во вторник

Shortcut

Најново

Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk