ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Груби оствари средба со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили

May 10, 2021 17:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со Саломе Зурабишвили, претседателка на Грузија, која е во официјална посета на Република Северна Македонија.

Соработката и политичките односи меѓу двете земји, како што соопштуваат од неговиот кабинет, беа една од точките на кои се разговараше на средбата меѓу Груби и Зурабишвили, при што било оценето дека односите се на високо ниво, како и дека посетата на грузиската претседателка на Скопје уште повеќе ќе ја продлабочи соработката.

-Интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија беа тема на дискусија меѓу нив, додека Груби истакна дека Република Северна Македонија е подготвена да понуди помош од своето искуство на патот кон НАТО и да сподели искуство во делот на реформите што се бараат во процесот на пристапување кон Европската унија, пат кој е во тек од страна на Република Северна Македонија. Како земја членка на НАТО, Груби истакна дека тие веќе учествуваат во мировни мисии низ целиот свет и буџетот за одбрана годинава се зголемува за 1,57 отсто од БДП и ќе се зголеми до 2 отсто до 2024 година, се вели во соопштението.

Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабакх исто така беа дел од разговорот што претседателката Зурабишвили го имаше за време на оваа средба со првиот вицепремиер Груби.

На средбата било истакното и дека Република Северна Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат таму, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури.

-Економската соработка меѓу двете земји беше друга точка на дискусија меѓу Груби и Зурабишвили, додека беше нагласено дека само минатата година извозот бил 242.962 евра и увозот 102 803 евра, додека за следниот период се дискутираше двете земји заедно да воспостават бизнис партнерство. На средбата се дискутираше и за визниот режим меѓу Република Северна Македонија и Грузија, додека двајцата соговорници оценија дека укинувањето на овој режим ќе има позитивно влијание врз слободното движење на граѓаните, соработката во областа на туризмот и економијата како и различни инвестиции од обете страни и во сферата на културата, се додава во соопштението.

Груби и Зурабишвили на средбата разговараа и за процедурите кои следуваат за назначување на двајца почесни конзули на Грузија во Република Северна Македонија и тоа во Скопје и Штип.

извор: МИА
Next Post
Бранко Тричковски

Антифашизам од шведска маса

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk