ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Новиот закон ги ослободува наставниците од партиските стеги

May 12, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието е натпартиско прашање, а наставниците треба да бидат ослободени од партиски стеги, и токму тоа се постигнува со новиот Закон за наставници и стручни соработници, којшто е во собраниска процедура, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање при обиколката на инфраструктурните зафати во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар.

“Со претходниот закон наставниците се вработуваа на определено време, за итни и неодложни работи, на три или шест месеци, потоа на една година, па на уште една година, за да добијат можност за трансформација на работниот однос. Сето тоа ова беше алатки за да ги држат несигурни наставниците и да можат и ги заведуваат кон најразлични политички активности. Со новото законско решение ги растеретуваме наставниците од грижата дека ќе ја изгубат работата, бидејќи ќе се вработуваат на неопределено време, како секаде во светот, а единствена обврска ќе им биде да се фокусираат на работата со учениците“, изјави министерката Царовска.

Со цел да добиеме мотивирани наставници и стручни соработници, ценети и соодветно вреднувани, со законот се овозможува и кариерен развој.

„Во моментот кога ќе достигнат максимум како наставник, може да станат наставник ментор, потоа наставник советник, па да преминат понатаму во Бирото за развој на образование и да советуваат голема група наставници. Тоа е начин да се вратиме во еден систем на образование којшто единствено во фокусот го има ученикот, секако  преку зајакнати наставници коишто нивната креативност ја вложуваат во секојдневното работење со учениците“, нагласи Царовска.

Министерката рече дека дебатите кои се развиваат за реформите во образованието постепено го менуваат менталитетот и се пошироко се разбира потребата од итна и неодложна реформа, затоа што во прашање е иднината на нашите деца.

Next Post

Бектеши и Зеќири презентираа седум јавни повици за финансиска поддршка на угостителскиот и туристичкиот сектор како дел од Шестиот пакет економски мерки

НАЈНОВО

Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

October 29, 2025

Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити? Буџетот за 2026 под лупа

October 29, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk