ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потпишана Програма за соработка во областа на културата меѓу Северна Македонија и Унгарија

May 12, 2021 18:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Ирена Стефоска и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, кој е во работна посета на земјава, денеска потпишаа Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за човечки ресурси на Унгарија за периодот 2021 – 2023 година.

Потписниците на Програмата се заложија во периодот што следува, Република Северна Македонија и Унгарија да ја поддржат соработката во областа на културата и да придонесат за засилување на нејзината улога во своите земји, а да се направат и напори за интензивирање на соработката меѓу институциите и здруженијата.

Од Министерството за култура информираат дека со Програмата за културна соработка се предвидени активности и комуникација во сите дејности на културата. Заемна и директна соработка е предвидена и меѓу институциите од областа на визуелната и применетата уметност, фотографијата, дизајнот, архитектурата, уметноста на новите медиуми. Исто така, превидено е и засилување на соработка меѓу авторите, преведувачите и релевантните организации и здруженија од областа на литературната и издавачката дејност.

Со Програмата, според Министерството, ќе се поттикнува развој на соработката и во филмската, телевизиската, видеопродукциската и во дистрибутивната индустрија, и посебен акцент ќе биде ставен на соработката во заштитата на културното наследство, преку директни контакти на сродните институции, како: музеите, галериите, библиотеките, конзерваторските центри и други професионални организации кои се занимаваат со заштита и истражување на културното наследство.

– Република Северна Македонија и Унгарија традиционално негуваат добри односи во областа на културата. Двете држави имаат меѓуинституционална соработка и во библиотечната дејност, а НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје има потпишано договори за соработка со Националната библиотека Сечењи и со Националната библиотека за странска литература во Будимпешта. Значајна е соработката и меѓу Националната опера и балет на Република Северна Македонија и Унгарската државна опера, кои, со посредство на Амбасадата на РСМ во Будимпешта, се во директен контакт за гостување на Националната опера и балет на сцената во театарот „Eiffel“ во Будимпешта во 2022 година со претставата „Игри на животот“, се наведува во соопштението на Министерството за култура.

извор: МИА
Next Post

За патување на островите задолжителна грчката верзија на „Green Pass“

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk