Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска во Белград ќе присуствува на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на покана на ко-претседавачите на КИФ за Западен Балкан, Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.
На седницата, информираат од Владата, вицепремиерот Битиќи и претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ – Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската Комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово, ќе дискутираат за инвестициските политики во регионот на Западен Балкан, како и за потенцијалите за зголемување на атрактивноста на регионот како инвестициска дестинација.