„За купување на земјоделско земјиште со новиот Законот за продажба на земјоделско земјиште инвеститорот ќе треба да достави и бизнис план за тоа како ќе го користи земјиштето и доколку не се придржува до истиот, државата има право да го раскине договорот“ објасни министерот за земјоделство Аријанит Хоџа во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој кажа дека нема да биде возможно одредени фирми или поединци да купат земјоделско земјиште и да чекаат 10 години за да може да го пренаменат.
Како што објасни министерот Хоџа, законот предвидува и продажба на земјоделско земјиште за стратешки инвестиции кои ги одобрува Собранието.
„Стратешка инвестиција се применува Законот за стратешки инвестиции, тука се дава можност дека може да се употреби и земјоделско земјиште. Знаеме дека минимален износ за стратешка инвестиција е 30 милиони евра.“ објасни министерот Хоџа.