„Во ниту еден случај на земјоделците кои се корисници на земјиште во моментов нема да им се одземе тоа. Целта на законот за продажба на земјоделското земјиште е позитивна, дококлу сакаат да инвестираат ќе можат да го купат земјиштето“ изјави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој објасни дека законот се носи транспаретно за да може да се дискутира по истиот и кажа дека постојат заштини механизми од која каласа земјиште колку проценти ќе може да се продаваат.
Хоџа: На земјоделците им се дава шанса да инвестираат и да го купат земјиштето кое сега го користат
„Во ниту еден случај на земјоделците кои се корисници на земјиште во моментов нема да им се одземе тоа. Целта на законот за продажба на земјоделското земјиште е позитивна, дококлу сакаат да инвестираат ќе можат да го купат земјиштето“ изјави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ Телма.
Тој објасни дека законот се носи транспаретно за да може да се дискутира по истиот и кажа дека постојат заштини механизми од која каласа земјиште колку проценти ќе може да се продаваат.
„Моментално според податоците од Катастар има над 110 илјади хектари земјоделско земјиште што не е обработливо и нема интерес за тоа. Ова би било уште еден дополнителен мотив за тоа да го ставиме во функција. Тоа е целта на законот – да го зголемиме приходот на државата и да го зголемиме обработиливото земјиште. Во ниту еден случај нема да им се оневозможи на актуелните земјоделци да закупат земјоделско земјиште или да им се одземе земјоделското земјиште за да се продава“ објасни Хоџа.
Министерот појасни дека со Законот за продажба на земјоделско земјиште, не се дозволува автоматска пренамена на земјоделското земјиште по 10 години.