ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Виртуелен студентски хакатон за борба против сива економија во е-трговијата

May 15, 2021 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Хакирај ја сивата економија во е-трговија” е наслов на дводневниот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија кој започна вчера, а на кој учествуваат студенти од Економскиот Факултет – Скопје и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

Овој хакатон е организиран од Асоцијацијата за е-трговија, односно невладиниот сектор, со поддршка на приватниот сектор, во соработка со академијата, студентите од ФИНКИ и Економски факултет скопје и со вклучување и на претставници од владиниот сектор кои ќе бидат дел од менторите на хакатонот.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – Нина Ангеловска, како главен организатор на отворањето на хакатон посочи дека само преку холистички пристап и вклученост на сите засегнати страни можеме да ги адресираме големите проблеми и да ги поместиме работите.

Се надевам дека овој хакатон ќе претставува успешен пример за одлична соработка помеѓу приватниот сектор, невалдиниот, владиниот сектор и академијата за изнаоѓање на солуции кои ќе придонесат во справувањето со големи општествени предизвици, како што е сивата економија. Овој викенд студентите имаат можност да придонесат и да бидел од промена, додека запознаваат нови луѓ, работат на решенија и се натпреваруваат, порача Ангеловска.

Регионалната директорка на Мастеркард, Вања Манова истакна дека сива економија е непријател на владата, на бизнисот, на сите нас.

Како што рече, сите заедно мораме да најдеме начин како да го победиме непријателот.

-Додека ги креирате решенијата имајте ги предвид електронските плаќања кои практично ја оневозможуваат сивата економија. Верувам во моќта на младите мозоци, бидете силни, храбри и мудри, им порача Манова на студентите во своето обраќање.

И заменикот на Претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во своето обраќање ги охрабри студентите на ваков иновативен начин да дојдат до решенија кои ќе влијаат за намалување на сивата економија во е-трговијата.

На хакатонот учествуваат 50 студенти поделени во 10 студентски тимови кои работат на две категории на предизвикот „Како да се намали сивата економија во е-трговија?” и кои креираат солуции за борба против сивата економија во е-трговија.

Хакатонот ќе трае до недела, 16 мај, по што ќе се одберат победничките тимови во двете категории „Едуцирај и мотивирај“ поддржан од НЛБ Банка Скопје и “Детектирај и сузбиј“ поддржан од Касис АД Скопје. За победничките решенија има награден фонд од 3000 евра, кои ќе им послужат за имплементација на решенијата.

Хакатонот се реализира со поддршка од главниот партнер Mastercard, златните партнери Касис АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје, дигиталниот партнер – A1 Македонија, како и со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на компаниите Ендава, Хаселт, Ред Бул, Кликни јади и Нескафе Македонија

извор: МИА
Next Post

Шекеринска: Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да се подобри Законот, туку да се блокира напредокот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk