ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работна средба на гувернерката на Народната банка со претставници на Независната угостителска комора

May 17, 2021 12:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка денеска одржаа конструктивна работна средба со претставници на Независната угостителска комора (НУК), на која учествуваа и претставници од банкарскиот сектор, информираат од Народната банка.

На состанокот, гувернерката истакнала дека Народната банка со внимание ги следи движењата во економијата и во одделните сектори, вклучително и во угостителската дејност. Таа потсетила дека на почетокот на здравствената криза, Народната банка презеде регулаторни мерки со кои се обезбеди поголема флексибилност во начинот на кој банките може да им ги олеснат кредитните услови на кредитокорисниците со цел да се намали нивниот финансиски товар во услови на отежнато работење поради пандемијата.

-Како што беше истакнато, овие, како и другите мерки преземени од страна Народната банка придонесоа и за задржување на стабилноста на банките, но и за зајакнување на нивниот капацитетот за кредитна поддршка на стопанството, што се потврдува со солидниот кредитен раст остварен минатата година, рекла Ангеловска-Бежоска.

Претставниците на НУК на средбата ги изложиле предизвиците со кои се соочуваат компаниите од угостителскиот сектор при финансирањето на нивните секојдневни активности, а имајќи ги предвид и ограничувањата во нивното работење заради мерките за спречување на ширењето на корона-вирусот.

Како што посочијале, забраните и ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа, кај  угостителите имаат ефект на намалување на приходите, што влијае врз нивната подготвеност за навремено и целосно намирување на нивните обврски, вклучително и инвестициските.

На состанокот било заклучено дека во постојната законска регулатива не постојат пречки за банките за обезбедување реструктурирање на обврските на нивните клиенти. Од претставниците на банките, присутни на средбата, било истакнато дека угостителскиот сектор и натаму може да смета на поддршката од банките во надминувањето на последиците од корона-кризата и дека дел од банките веќе преземаат активности со кои се доаѓа до најсоодветните можности за нивните клиенти од овој сектор.

-Во завршницата на работната средба беше заклучено дека иницијативата на НУК најде одзив кај Народната банка и банките, при што засега ќе се продолжи со преземањето активности на индивидуално ниво од страна на банките кон клиентите од угостителскиот сектор. На предлог на тимот на Народната банка, НУК ќе продолжи со директна комуникација со банките, а во случај на потреба, заеднички ќе организираат дополнителни средби и помеѓу банките, Комората и угостителите, заради изнаоѓање натамошни решенија за финансиска кредитна поддршка во интерес на двете страни, велат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека во зависност од натамошниот развој на настаните, доколку постои потреба ќе се разгледа и можноста за дополнителни мерки и активности коишто ќе овозможат надминување на привремените отежнати услови на работење на најпогодените сектори.

извор: MИА

Next Post

Шахпаска: Преку законски решенија, стратегии и Национален акциски план, ги унапредуваме правата на ЛГБТИ заeдницата, затоа што сите граѓани се важни

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk