„Ќе сторам се во рамките на дозволеното за да постигнам договор со опозицијата и од македонскиот и од албанскиот блок за одблокирање на Собранието. Не очекуваме дека опозицијата ќе го поддржи секое законско решение предложено од владата, но блокирањето не е добро служење на народот“ истакна премиерот Зоран Заев во гостувањето на Дненивкот на МТВ.
„Јас сум прагматичен политичар, постигнувам договори. Постигнав сериозни договори за интересот на државата, ако има дијалог и решение тоа е добро за државата. Веќе имаме решение за Законот за државјанствата. Опозицијата побара одлагање на пописот, а ние во името на тоа сите да учествуваме на пописот, прифативме. Опозицијата побара и отисок од прст за локалните избори – иако не е лесно да се најдат 12 милиони евра во криза, сепак прифативме. Единствено што побаравме за возврат е одблокирање на Собранието. Во моментов има 25 или 26 закони кои се заглавени во Собранието“ кажа Заев.
Тој додаде дека е нормално да се критикуваат политиките на Владата и дека за да нема критики, не треба ништо да работат.
„Што и да направите, нормално е дека ќе има критики. Најлесно е да кажеме дека ако некој крева глас против, ние ќе ги стопираме реформите, но Владата мора да се движи напред и да го следи чекорот со светот“ кажа Заев.