ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донесени одлуки за испраќање армиски припадници во мисиите „Алтеа“ во БиХ и во Централноафриканската Република

May 18, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

О. Бошњаковски/ ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 41 седница едногласно и без расправа ја донесоа Одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „ALTEA“ во Босна и Херцеговина и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.

Донесен е и Законот за ратификација на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владите на другите страни на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа за аранжманите со земјата-домаќин за Секретаријатот на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа.

Парламентарното мнозинство во Собранието го донесе и предлогот за именување на Лирим Сулејмани за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија .

Во текот на расправта пратеникот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се предлага член на РКЕ кој по два основа не ги исполнува законските услови да биде член на комисијата.

-Првата причина е затоа што самиот се уште работи во една приватна енергетска компанија (ЕВН) а тоа  е дел и од неговата биографија. РКЕ одлучува за правилата, за цените и сите други правила на игра во енергетскиот сектор така што овде, вели, постои судир на интереси и прекршување на законското правило секој член на РКЕ не смее да биде најлкмалку две години член на енергетска компанија. Втората причина е дека постои веќе еден член на РКЕ кој е дипломиран правник и согласно Законот за енергетика не може да има двајца правници во Комисијата. па неговиот избор би бил незаконит, рече Милошоски.

Според Милопоски, како поранешен директор на КЕЦ Васил Главинов при ЕВН,  доколку се избере Сулејмани за член при носењето на одлуки за повисоки цени на електрична енергија тој ќе тежнее кон изгласување повисоки цени на енергијата.

Неговиот сопартиец Бојан Стојановски истакна дека втор пат за два месеца се избира член на ова тело. и по втор пат, тоа се прави спротивно на законот по два основа, појаснети погоре од Милошоски.

-Тоа значи дека Собранието кое треба да носи законски решенија и каде најногу ќе се почитува законот не го прави тоа. Тоа значи дека ние како пратеници и оваа институција поттикнува кршење на законот и ја повикувам јавноста да изврши притисок за да пратениците на мнозинството свесно не го прекршат и овој пат Законот на енергетика, рече Стојановски .

Пратениот Халил Снопче од Алијансата за Албанците истакна дека кандидатот кој се предлага од Владата има конфликт на интереси и Владата вели има морална одговорност бидејќи предлага лице кое не ги исполнува условите од конкурсот и законот.

-Не се спротивставувам на кандидатот туку на Владата оти предлогот не е во согласност со предвидените услови и има конфликт на интереси. Станува збор и за политички предлог,  рече Снопче.

Беше усвоен и Предлогот за престанок на мандатот на Наташа Јанковска за член на Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Собранието ќе продожи со работа по редовната пауза. 

извор: МИА

Next Post

Џафери пред уставните судии: За Законот за ЈО во целост се почитуваа одредбите од собранискиот Деловник

НАЈНОВО

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

Најнизок одѕив на локални избори од независноста на земјата, првпат не надминува 50 проценти

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk