ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Одбележан 18 мај – Меѓународниот ден на музеите

May 18, 2021 16:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите го одбележа 18 мај – Меѓународниот ден на музеите востановен на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ), одржано во Москва во 1977 година. Во рамките на одбележувањето беа одржани презентации на темите „Музеи за еднаквост: разновидност и инклузивност“ и „Иднината на музеите – закрепнување и реинтерпретација“, и беа доделени наградите по повод денешниот ден.

На денешниот настан кој се одржа онлајн порака испрати и министерката за култура, Ирена Стефоска, која сподели дека државите имаат голема улога да ги поддржат музеите во овој тежок период преку амбициозна културна политика, не само да го гарантираат нивниот опстанок, туку и да ги подготват за иднината.

Музеите по дефиниција се чувари на материјалното и на духовното културно наследство, но, денес улогата на музеите не е само да бидат чувари, туку и репрезенти на нашата култура и традиција. Музеите се и најатрактивната дестинација за странските посетители. Од нив тие се информираат и го креираат впечатокот за нас. За таа улога ние мораме да се подготвиме, мора да ги модернизираме музеите, свесни дека ќе почнеме од подрумите, покривот кој прокиснува, до постапките, но, таа е вистината, рече Стефоска која дополни дека во светот музеите се и извор на големи приходи.

Оливера Џартовска Тачевска, претседател на МНК Син Штит, истакна дека музеите не се имуни на сериозните економски, социјални и психолошки реперкусии кои настанаа како последица на пандемијата.

– Се соочуваат со затворени музејски сали, забранет директен контакт на посетителите со музејските експонати и музејските приказни, а културната порака која тежнееме да ја емитуваме во јавноста мора да биде обликувана во нова, виртуелна форма за да може да послужи во односот со заедницата, посочи Тачевска.

На неа се надоврза и Кристина Бицева, потпретседател на МНК ИКОМОС која кажа дека пандемијата и затвореноста ни покажаа и колкава е всушност потребата за културата, а музеите кои се обидоа да бидат инвентивни и иновативни во изнаоѓањето на начини и можности сепак да бидат тука за своите посетители.

– Тука сме да нудиме свои стручни видувања, да се бориме за запазување на професионалните стандарди, да даваме нови идеи, да бидеме конструктивни, но и критички. Токму во оваа насока е и денешното советување на МНК ИКОМ кое ќе се фокусира на иднината на музеите преку нивното пост-пандемиско закрепнување и реинтепретација, посочи Бицева.

Маја Чанкуловска-Михајловска, претседател на МНК ИКОМ, истакна годишните теми на ИКОМ се однесуваат на промените кои што треба да се дискутираат за прогресивен пристап за новото дигитално доба, потреба која, како што кажа, стана очигледна реалност, минатата година.

– Она на што денес се фокусира мноштвото од новите прашања е градење на иднината на музеите, не само за нивна поинаква достапност во јавноста, преку интернет содржини, туку и подигнување на свеста за солидарност и соработка врз основа на лекциите кои ги научивме изминатата година и како да се подготват музеите за нова неочекувана криза, сподели Михајловска.

Во рамките на настанот се одржаа презентации на тема „Музеи за еднаквост: разновидност и инклузивност“ на кои музејски работници ги споделија активностите. Помеѓу говорниците беа Ирена Ружин од НУ Завод и музеј Битола, која го претстави Мултисензорно искуство за посетителите во Н.У. Завод и музеј Битола. Маја Димитрова од НУ Национална галерија на Р.С.Македонија го презентираше проектот „Јас и ти, едно сме!“ а Фросина Лазаревска ги претстави актиностите на НУ Музеј Куманово.

Втората тема на која што музејски работници ги презентираа активностите беше „Иднината на музеите – закрепнување и реинтерпретација“ на која Ана Франговска од НУ Национална галерија на Р.С.Македонија, го долови функционирањето на музеите во време на криза и нивно реконципирање, Драган Величковски од ЛУ Градски музеј Крива Паланка ја претстави мрежата на локални музеи и иднината на локалните музеи, додека, Перо Арџанлиев, секретар на МНК ИКОМ, ја претстави Црвената листа на ИКОМ, алатка за борба против илегалната трговија со културно наследство. Маја Чанкуловска-Михајловска, претседател на МНК ИКОМ, во вториот дел ја проследи Информација за процесот на новата музејска дефиниција која е сè уште во изработка.

Повеќе од педесет години, музеите низ целиот свет го одбележуваат 18 мај како Меѓународен ден на музеите.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk