ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Инспекторите се на терен, ова ќе биде жешка недела

May 18, 2021 21:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот инспекторат за животна средина е на терен и многу брзо ќе излезе со информации во врска со наводниот увоз и користењето токсични масла.

Како што рече вечерва директорката на Инспекторатот, Ана Петровска, ова ќе биде жешка недела.

-Од вчера сме многу мобилни и ќе го направиме се она што е во рамки на нашите надлежности. Јас дури добивам и повици од градоначалниците каде постои сомнеж дека вакво гориво се горело и дека се уште се гори. Ние сме на терен и ќе има постапување. Во координација сме со сите засегнати страни. Би требало многу брзо да излеземе со информација за граѓаните дали има такво гориво и дали воопшто се согорува. Многу сме вознемирени од можноста да се согорувало или уште да се согорува вакво опасно масло. Сме на терен и многу брзо ќе имаме резултати, истакна Петровска во вечерашното гостување на „Топ тема“ и додаде дека законската регулатива треба да се унапреди зашто има недоследност.

Според неа, од 22 октомври, откога стапила на функцијата директор на Инспекторатот, досега нема добиено барање за постапување, а надлежноста за испитување на квалитетот на горивото е на Царината и на Пазарната инспекција.

Петровска потенцира дека проблем настанува кога наместо гориво, под тарифен број на мазут се увезува нешто друго. Тука голема улога може да одиграат акредитираните лаборатории.

-Откако сум на функцијата, не сме имале никакви индикации дека треба да проверуваме гориво, а по закони и не сме за тоа овластени. Ако е тарифниот број гориво, тогаш сме во рацете на Пазарниот инсекторат кој треба, по случаен избор и спрема проценка на ризик, да рече „оваа цистерна ќе ја носам на анализа“ во ОКТА или Макпетрол, зависно која акредитирана лабораторија соработува со нив. Ако тоа не е гориво, туку е некаков отпад, а тоа не е декларирано на тарифниот број – тука настанува проблемот и тука би можеле ние да постапуваме зашто станува збор потенцијално за прекршување на Базелската конвенција. Во ваков случај треба да се вклучат и Интерпол, Европол и многу други инстанци. Но, за тоа да се случи треба да имаме информација од Пазарниот инспекторат, а досега немаме такво нешто добиено, објасни Петровска.

Во однос на ФЕНИ, чии емисии Инспекторатот ги следи, Петровска рече дека со дозволите кои се пропишани се гледаат граничните вредности на одредени параметри кои со мазутот и со соодветни филтри може да се постигнат.

-Но, прашање се други параметри кои би требало да се следат за да може да се „фати“ дали е мазут или не. Во овој момент, со дозволите, мерење на вакви параметри не е пропишано, децидна е Петровска.

Контролите покажале дека ФЕНИ која има А интегрирана еколошка дозвола, горивото го чува како што треба, прописно.

-Експертизата за еколошки криминал е многу скапа и кај нас се уште не е достапна, подвлече директорката.

За случајот со Пејпер мил, според Петровска, ќе се чека изградбата на пречистетлната станица за што идната недела во земјава ќе дојдат претставници од  турска компанија.

-Отпадните води изгледаат многу грдо, но тоа се хартиени влакна, нема хемикалија. Може да има проблеми со живиот свет и јас би била најсреќна да можам да го забранам рестартирањето на фабриката до воспоставување пречистителна станица. Но, ова во моментов е нужно решение. Оризовите полиња не се под закана, целулоза има во отпадните води, рече директорката.

На прашање за дивоградбите, таа одговори дека не сме подготвени да ја практикуваме правната држава.

-Легализацијата на дивоградбите не укажува дека сме подготвени да ја практикуваме правната држава зашто ги ставаме во неправедна положба оние што градат со дозвола визави оние кои градат без дозвола, особено кога дивото градење се одразува на животната средина, нагласи директорката на Државниот инспекторат за животна средина.

Според неа, во националните паркови се прави зонирање, точно се дефинира каде може да има некаква инфраструктура. -Не смее сите дивоградби да се легализираат. Очекувам дека во Министерството за животна средина сериозно ќе си ја сфатат задачата и ќе бидат бариерата за легализација на дивите објекти, порача Петровска и најави дека ќе се мониторира Лешница за спроведување на мерките на заштита.

Став на Петровска е дека Законот за урбано зеленило може да помогне во однос на проблемот со загадувањето. -Можеби сега треба да се идентификуваат подрачјата со загаден воздух и таму да има повеќе урбано зеленило, нагласи директорката, додавајќи дека сепак, оној што го диктира урбаниот развој на градот – приватниот капитал, сака да искористи што повеќе од парцелите и тоа не е ништо ново.

извор: МИА
Next Post

Намалување од 48,3 проценти на нови случаи и намалување од 38,1 проценти на починати, споредено со претходната недела

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk