“Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!” – напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.