ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Панел дискусија „Лидерство во политиката, бизнисот и спортот“ – Дали има заеднички именител?

May 19, 2021 17:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Лидерство во политиката, бизнисот и спортот: Дали има заеднички именител?“,  беше тема на панел дискусијата која денеска се одржа во организација на Претседателскиот центар за политичко образование и Македонија 2025, а на која се обратија  претседателот Стево Пендаровски,  канадскиот бизнис лидер со македонско потекло Џон И. Битов, претседавачот и главен извршен директор на Obelysk, со-основач и член на Одборот на директори на Македонијав2025, македонска бизнис лидерка Ангелка Пеева Лауренчиќ  извршна директорка на Имиџ ПР и македонскиот ракометар Борко Ристовски.

Говорејќи за предизвиците од пандемијата на Ковид-19, претседателот Пендаровски потсети на периодот кога бевме единствена држава во Европа со распуштено Собрание и претседателскиот Кабинет беше единствена функционална институција. Во тие моменти, посочи, мора да се разговара со многу луѓе и да се донесе одлука.

–Брзоплетоста е круцијална грешка. Мора да разговараш со многу луѓе, да имаш храброст за носење одлука и преземање одговорност. Треба да се слушаат оние, коишто со аргументи најмногу те критикуваат, рече претседателот Пендаровски, нагласувајќи дека од овој период има лекции кои мора да се научат.

Во рамките на Претседателскиот центар за политичко образование направени се и неколку иницијативи за надминување на одредени проблеми во функционирање на системот.

-Ние имаме одлични закони во многу сфери, но слаба примена. Не е лидер човекот кој се води исклучиво од рејтинзите. Политичар кој се раководи од анкетите не е лидер. Со нетрпение го чекам денот кога младите нема да се грижат за тоа која политичка партија е на власт, или кој е претседател на државата. Денот, кога системот едноставно беспрекорно ќе функционира, без разлика кој е на власт, порача Пендаровски.

На дискусијата, како што соопштија организатрите, се потенцираше важноста на лидерството во различни професионални области (политика, бизнис и спорт), стилови на лидерство и лидерство засновано на вредности.

-Ова беше многу информативна сесија за лидерството и како да се биде активен во животот и работата. Темите опфатени за тоа како да се биде добар водач беа важни, но дискусиите за учење од грешки, како да се справите со стресот, како и за управување со тим, корисно е да ги слушнеме ставовите на другиот водач, истакна Џон Битов.

Во рамките на панелот беше констатирано дека лидерството е клучен фактор за развој во сите сегменти на општеството и само со негово поттикнување кај младите може да се очекува одржлив развој и напредок.

-Што е лидерство? Лидерство е кога си дете да ги поделиш бонбоните со другарите. Лидерство е како тинејџер да предводиш група која ќе отвори значајни теми, а кога си во зрелата возраст да ја понесеш одговорноста за себе и за другите и кога се добива и кога се губи. Звучи едноставно, а сепак е ретко. Кризата на лидерството е светска тема. Добро е што дискутираме за тоа. Да се вратиме на основните вредности, од нив почнува се, истакна Пеева Лауренчиќ.

На панелот на тема за лидерството во спортот зборуваше и македонскиот спортист Борко Ристовски, кој посочи дека во спортот лидерство значи да ги имате работите под контрола на повеќе нивоа.

-Лидерството е процес кој што има континуитет и го развивате низ годините. Јас лично не се сметам за лидер, но сметам дека сите ние во еден дел од животот сме биле лидери. За да станете лидери треба да бидете успешни, искрени и чесни и да бидете позитивни во својата работа, истакна Ристовски.

Модераторот, Никица Мојсоска Блажевски, главна извршна директорка на Македонија2025 заклучи дека добриот лидер има одговорност да помага, да враќа кон заедницата, и да дава пример на сите други, како што е случајот со четворицата панелисти на оваа дискусија.

Панел дискусијата е настан организиран во рамките на врвната обука за развој на деловни вештини и претприемништво „Проектот Лидер“ што е организирана од Македонија2025 и Ајви бизнис школата (Ivey School of Business) на Западниот универзитет во Канада.

извор: МИА
Next Post

Ангеловски утре го објавува македонскиот состав за Еуро

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk