ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Продолжуваме со грижата за највозрасната категорија на граѓани, ги доближуваме социјалните услуги во местото на живеење, инвестираме во нови домови за стари лица

May 19, 2021 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери.

На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат пензионерите, при што беше истакнато дека Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство на кое во фокусот на своето  работење е грижата за ранливите категории на лица , вклучително и највозрасната популација, пензионерите,  сериозно пристапува кон изнаоѓање на најдобри решенија кои се во нивен интерес.

Од страна на претставниците на Сојузот на здруженија на пензионери беше  поздравен  досегашниот позитивен  однос кон највозрасната категорија граѓани во државата,  во насока на редовно и предвремено исплаќање на пензиите, како и опфаќањето на дел од пензионерите со четвртиот пакет мерки и помошта која им беше доделена на оние со пензии до 15.000 денари.

Истовремено, беше поздравен  и приоритетот за вакцинација против Ковид-19, по возрасни групи на оваа категорија граѓани која брои околу 325.000 лица.

Министерката Шахпаска информираше за преземените конкретни активности во насока на подобрување на социјалните сервиси за заштита и помош на пензионерите, за што, како што подвлече, има одлична соработка со локалните единици  во земјата.

„Преку процесот на децентрализација на социјалните услуги и склучување на договори со 19 општини ја обезбедуваме услугата помош во домот за највозрасната категорија на граѓани. Притоа, како даватели на услуги ги ангажираме најтешко вработливите и на овој начин ги активираме на пазарот на труд. Оваа социјална услуга  е бесплатна за корисниците, а ангажираните лица ги плаќа општината. Преку овој пристап, овозможуваме старите лица да останат во својата средина каде што се чувствуваат најпријатно, а сепак да ја добиваат помошта која им е потребна“, рече Шахпаска.

Во однос на прашањето околу зголемување  на капацитетите за сместување на  возрасни лица и пензионери, министерката информираше дека во моментов се работи на проширување на капацитетот на Домот за стари лица во Берово и во тек е пренамена и проширување на уште еден објект за Дом за стари лица во Пробиштип.

Соговорниците изразија задоволство од денешната средба и подготвеност за идна соработка за сите прашања кои се однесуваат на потребите на пензионерите.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Оперативниот лизинг најповолното решение за набавката на владините возила

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk