Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески објави дека во однос на 2020 година, за околу 18 проценти е зголемена реализацијата на приходите по основ на царина, ДДВ при увоз, акцизи и надоместоци.
„Реализацијата на приходите по основ на царина, ДДВ при увоз, акцизи и надоместоци заклучно со 17.05.2021 изнесува 33.209,64 милиони денари што е за 5.056,96 милиони денари или 17,96% повеќе од истиот период во 2020 година кога биле наплатени 28.152,68 милиони денари.
Остварениот приход е поголем за 980,27 милиони денари или 3% и од остварениот приход (32.229,37 милиони денари) од истиот период во 2019 година.
Само за месец Мај, односно до 17.05.2021 година споредено со 17.05.2020 Царинската управа бележи зголемување од 878,44 милиони денари или 30%.“, наведува Сугарески