ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција за перспективите во посткризниот период – Заздравувањето извесно, мерките насочени кон забрзување на економскиот раст и фискална консолидација

May 20, 2021 13:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година сите економии се соочија со најостриот удар, од неекономска природа. Ковид-19 кризата ги зафати и големите и малите – и развиените и неразвиените економии. Годинава сите очекуваат заздравување и постепено враќање во нормала. Извесно е дека за нашата економија опоравувањето започна, но пандемијата се уште не завршила и комплетното заздравување на македонската економија ќе се случи дури следната година. Целта е забрзување на економскиот раст од 2,5 отсто, колку што во просек бил во изминатата декада, на стапки од 5 отсто раст и со тоа да се оствари крајната цел – подобрување на условите и на животниот стандард за граѓаните, но одржување и на стабилноста на јавниот долг.

Ова го порачаа министерот за финасии Фатмир Бесими и академик Таки Фити на прес-конференција по повод одржување на првата научна конференција на тема „Предизвиците на фискалната политика во периодот на пандемијата од Ковид-19 и перспективи во посткризниот период“ во организација на Министерството за финансии и МАНУ.

-Во период на криза главно е здравјето на граѓаните, имунизацијата на населението која ќе помогне и од здравствен и социоекономски аспект, а сите препораки се во насока на поддршка на ранливи категории, економијата и поддршка на инвестициите, рече министерот за финансии Бесими, кој појаси дека со спроведувањето на процесот на имунизација и етапното подобрување на епидемиолошката слика, довербата кај инвеститорите и потрошувачите ќе расте, што пак ќе резултира со закрепнување на инвестициите и приватната потрошувачка. Со закрепнувањето на економиите и нормализирањето на синџирите на добавување ќе расте трговската размена, како и искористеноста на производствените капацитети. Со олабавување и суспендирање на превентивните здравствени мерки, ќе се подобри искористеноста на услужните капацитети. Сето тоа ќе придонесе за раздвижување на економската активност и раст на економијата.

Според министерот, на предизвикот да се финансира забрзан еономски раст, а истовремено да се држи кон среднорочниот план за фискална консолидација, ќе се одговори со Планот за финансирање на заздравување и забрзување на економскиот раст. Со него, како што рече, сакаме да ги зголемиме вкупните инвестиции во економијата, а притоа да останеме на зацртаниот курс за намалување на фискалниот дефицит на среден рок и со тоа задржување на долгот на стабилно ниво.

Според академик Таки Фити, мерките за добро менаџирање на јавниот долг, кој надмина со кризата предизвикана од пандемијата 60 отсто од БДП, треба да бидат насочени кон намалувања на владината непродуктивна потрошувачка или зголемување на даноците или да се комбинираат двата пристапа.

-Најдобар пристап за Република Северна Македонија е оној кој вели дека во основа максимално да се редуцира непродуктивната владина потрошувачка, да се оди со блага прогресивност на даноците, рече Фити.

Според него, може да се обезбедат поголеми јавни приходи, а што води кон стабилизација, е преку борбата против сивата економија, која е прилично висока, борбата против евазијата, односно избегнувањето на плаќање даноци и делумно да се оди кон зголемување на даноците, односно според него прифатлива е прогресивност кај персоналниот данок на доход, но не прогресивност кај фирмите, зголемување на даноците на имот и евентуално во иднина да се размисли за еколошки даноци.

Но, истакнува, да нема промена кај данокот на додадена вредност, бидејќи тоа се индиркетни даноци и тие се социјално регресивни и најмногу ги погодуваат социјалните категории од населението.

Порача дека стимулсите ќе се даваат и годинава и тие треба да бидат насочени кон населението со понизок доход, кое, како што рече, тоа се слоеви од популацијата која има повисока маргинална склоност кон потрошувачка и сите пари што ќе ги добие наеднаш ги троши.

За него инфлацијата не загрижува. Иако, вели имаме еден зголемен инфлаторен притисок, нема опасност, а има и ефикасни механизми тоа да го контролира централната банка.

-Опасноста произлегува од пораст на увозните цени на енергенсите и храната. Ако тие растат на светскиот пазар, а македонската економија е увозно зависна и вршат притисок во финалните цени. Но притисоците врз инфлацијата не се големи и страшни со ставка од 2,2 отсто која може да се контролира за што има ефикасни механисми и не може да дојде до нарушување и високи стапки на инфлација. Оти високите стапки на инфлација влијаат на животниот стандард. Тука треба да се има предвид дека во оваа тенденција се предвидува барем кај глобалните движења дека во втората половина од годината полека ќе почне да се намалува. Во светски размени ќе се стабилизираат цените и на храната и на енергенсите, појасни академик Фити.

На Конференцијата ќе бидат претставени 17 трудови, од 40-тина научни работници.

извор: МИА

Next Post

Со законски измени се намалува возрасната граница на корисници на лична асистенција

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk