ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пратениците дебатираа за Предлог-законот за буџети во прво читање

May 20, 2021 15:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја продолжи 41. седница, на која пратениците дискутираа за Предлог-законот за буџети во прво читање. Гласањето по оваа точка ќе биде дополнително закажано, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски го образложи законот и рече дека досегашниот бил од 2005 година. Посочи дека е наметната потреба да се создаде сосема нов, современ комплетно изработен Закон за буџети и тоа, како што рече, е направено согласно новите трендови, препораки и директиви, кои бараат нови солуции за управување со јавните финансии, согласно препораките на меѓународните финансиски институции и директивите на Европската Унија.

-Новиот закон за буџети се вклопува во концептот на смарт финансии, односно има за цел да обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика и зголемување на буџетската дисциплина и одговорност. Подобрувањето во јавните финансии и зајакнувањето на среднорочното буџетирање е еден од најголемите приоритети на Владата, како дел од процесот за пристапување во Европската Унија, нагласи Ковачевски.

Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ побара јавна расправа за да се чуе размислувањето на експертите, но и на граѓаните, на оние на кои се однесува родовото одговорно буџетирање што ќе предизвика, како што рече, економско зајакнување на најранливите, на жените и на младите. Притоа истакна дека во време на ковид-кризата младите и жените се најмногу погодени и додаде дека е тоа мислење на многу домашни и меѓународни истражувања.

Диме Велковски од СДСМ рече дека овој предлог-закон се состои од повеќе од 120 члена и првпат по подолг временски период и врз основа на укажувањето на стручната јавност и со многу работа и труд на Министерството за финансии се предлага да се донесе овој закон каде се подобруваат фискалните правила.

– Првпат се воспоставува јавен регистар на сите правни субјекти во државата каде на многу јасен, дециден и транспарентен начин се гледаат финансиските резултати на сите правни субјекти кои се запишани во државата, вклучително и на општините, потенцира Велковски. Нагласи дека првпат се внесува и Фискален совет кој, како што рече, е од исклучително значење, ќе се состои од тројца членови. Едниот член го предлага МАНУ, другиот член го предлага Државен завод за ревизија, а третиот го предлага Народна банка.

На дневен ред на 41. има вкупно 68 точки. Како претпоследна и последна точка се интерпелациите за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, поднесени од група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на Собранието Џафери рече дека за овие точки дополнително ќе се договара за термин бидејќи за секоја од нив одделно ќе биде неопходен еден ден за расправа.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски: Почит за нашите пожарникари, ЗМСТАМ е глас на сестринската професија

НАЈНОВО

Прекин на вода и струја во делови од Скопје поради дефект

November 6, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk