ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Нема конкретен предлог за реформа на даночната политика

May 21, 2021 12:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов само разговараме за евентуални реформи во даночната политика и немаме конкретен предлог од никого, ниту од Владата, но сепак се прават анализи затоа што мораме да се подготвиме за следните мерки. Сметам дека има поле за разумен разговор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Секој предлог е добредојден ако оди во насока на подобрување на состојбите и квалитетот на живот на граѓаните, но Владата мора да внимава да не им стави поголем товар отколку што би добиле права граѓаните. Зголемувањето на даноците е еден вид на зголемување на приходната страна на Буџетот, но јас сум еден од тие кои уште од почеток на кризата укажа дека и во период на криза треба да продолжиме да се бориме со сивата економија зашто се покажа дека токму сивата економија беше еден од чинителите за поголемиот негативен ефект од кризата, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“.

Ако сакаме државата да се грижи за секој подеднакво, посочи, треба да преземеме мерки сите да бидеме дел од системот, а тоа, како што кажа, значи сите да плаќаме даноци, но и да чекаме државата кога е потребно соодветно да се погрижи за нас.

-Ќе ги разгледаме предлозите и ќе видиме што значат. Ако даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување велам зошто да не. Се покажа дека во кризата некои богати станаа уште побогати и заради идеолошкото убедување сметам дека треба да имаме прогресивно оданочување – богатите треба да платат и да им вратат на посиромашните. Ако значи воведување  нов данок за посиромашните велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, порача Битиќи.

Кај данокот на имот, потсети, има предлог да останеме на истиот процент на данок на имот, но да се оданочи тоа што не се користи и влегува во делот на луксуз – втор, трет, четврт стан, …

-Категорични сме дека луѓето мора да платат за тоа што го имаат повеќе од тоа што елементарно им е потребно. Таму немаме разлики. Кај персоналниот данок не можеме бланко да кажеме дека прифаќаме, затоа што се стремам дека на одредени сектори треба да им се намали персоналниот данок и данокот на личен доход, затоа што само така ќе влеземе во сегментот на рестарт на економијата и земјава да ја направиме конкурентна на глобално ниво. Прогресивното оданочување може да значи решавање, но уште пред две години кажавме дека ќе разговараме и дека се менува пристапот на креирање политики и секоја политика ќе се води низ консултативен процес и многу порано ќе биде укажано кога евентуално ќе може да биде применета, прецизира Битиќи.

Додаде дека што и да се случи ќе се случи за најмалку шест месеци од сега ако се постигне консензус со сите чинители за да можат да се приспособат граѓаните и стопанството.

За евентуалното воведување на данокот за животна средина посочи дека не е нешто што не се случило и во минатото.

-Ние имавме еден таков данок воведен во 2001 година кого го плаќаа сите и се укина после одредено време. Во 2020 година видовме како е да се живее со подобар и почист воздух. Продолжуваме да инвестираме поприлично во енергетиката и сакаме да живееме со скандинавски стандарди од аспект на животна околина. Можеби воведувањето на данок за животна средина може да биде сегмент кој ќе ни помогне на сите нас и на следните генерации, но сега само имаме легитимни размислувања на сите чинители. Некои доаѓаат како предлози од МАНУ, некои од стопанските комори, но се уште сме на ниво на консултации и како Влада немаме изградено став, потенцира Битиќи.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието подготвува нов акциски план за отвореност кон граѓаните

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Ново истражување сугерира дека ширењето на универзумот не се забрзува, туку забавува

November 6, 2025
Скриншот

Трамп: Светот би бил во депресија без американските царини

November 6, 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk