ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Бугарија, рампа горе

May 21, 2021 08:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Бранко Тричковски

Бугарија е на маргините на интересот на просечниот Македонец. Некаква геополитичка, животна и културна сенка. Никој ништо не знае за тамошната политичка, културна, економска или дури спортска и меѓународна сцена. Таа сенка не дозволува да се развијат омрази за кои говорат во Софија. Во отсуството на комуникација се губи предметот и потенцијалот на омразата. И на љубовта, се разбира. Говорам за генералните состојби, не за инцидентите на будали или стварни односно измислени жртви на бугарското присуство во текот на Втората светска војна или по други основи.

Тоа е така поради југословенското искуство тука и поради варшавското односно руското односно сталинистичкото искуство во Бугарија. Ние и Бугарите бевме од двете страни на железната завеса. Второ, не без врска со првото, се разбира, Македонија цело време беше ориентирана во правецот Југ-Север, по сите основи, сообраќајно, транспортно, економски, туристички, културно, социјално, политички, секако. Природно, што би се рекло. Бугарија беше сосема поинаку позиционирана. Ние бевме во таканаречениот југословенски културен и економски и политички простор, залепени за западните вредности, наши луѓе одеа таму на работа и се враќаа и носеа, освен пари, и по некоја вредност, ние бевме први братучеди на Западот во судирот со Истокот, при што односот кон Бугарија освен во одредени шпицови од македонска страна помина, сепак, без големи возбуди.

Ние бевме генерацијата на рокот, на попот на Сан Ремо, на Битлси и Ролингстоунси. Тука читавме белградски изданија и загрепски, кои во еден подолг период од можеби триесетина години, беа феноменални, немавме никаков допир со бугарските медиуми кои беа ретки и строго контролирани. Гледавме западни филмови. Врвни џезери не посетуваа, балети, театри и филхармонии.

Бугарската понуда на живот, политика, култура и економија бо тоа време беа поинакви. Не сакам да кажам полоши или подобри, само различни.

Така е создадена ситуација на отсуство на интереси и контакти.

Не на омраза.

Илјадници Македонци земаа бугарски пасоши и во документите се изјаснија како Бугари, огромното мнозинство од практични причини, но тука останаа министри, пратеници и директори. Што ќе рече дека навистина се тешки подметнувања и обвинувањата дека тука се шиканираат сите што се изјаснуваат како Бугари. Нема врска. Апсолутно. Па, Љупчо Георгиевски тврдше дека половина од неговата влада се бугарофили.

Тоа не е добра и нормална состојба во новото време. Мислам на таа дистанца. Тоа е наследство. Но, не од Тито, макар и од него, се разбира, туку од реалните историски консидерации, со културни, политички и економски димензии.

Проблемите од таа еднонасочност на македонската позиција ја почувствувавме за време на ембаргото кон СР Југославија, кога Бугарија прва ислезе во пресрет со активирање на таа врска Исток-Запад за животно важно снабдување.

Но, зголемувањето на присуството на Бугарија во зоната на интересите на Македонците мора да биде прашање на интензитетот на односите и на квалитетот на меѓусебната понуда, особено од бугарска страна. Не на политички диктати од позиција на сила. Тој пристап раѓа сосема спротивни ефекти. На добронамерноста, се разбира. На порастот на гравитационата сила на Бугарија.

Темите за историјата стојат, мислам дека на крајот ќе се решат. Јас би им дал на Бугарите бланко потпишан лист на кој тие ќе напишат кој Македонци биле Бугари и кои глупости кои во текот на времето ги правеле Македонците, всушност, ги правеле Бугарите. Крај. Сметајте дека темите за историјата се решени. Бугарија ќе победи 5:3 или така некако. Без ВАР. Или можеби ќе ни пуштите да дадеме уште некое голче повеќе во глупавите стативи на шупливата историја. Македонија нема ниту една безначајност пред војната од која не би требала со радост да се откаже.

Еве, слушам најави дека во јуни е можно блокдата да биде крената.

Тоа би било голема работа. Не само за македонските европски перспективи туку и за стбилноста во регионот за европската надворешна политика (Холштајн: Германија се залага да се деблокира ситуацијата во која 26 членки се заложници на позицијата на една; Милановиќ: Бугарија влегува во “интимната сфера” на Македонија што е недозволиво) и, особено, за односите со Бугарија во насока која сосема погрешно Софија сакаше да ја постигне со бкокадата. Мислам на декларативните цели.

Ја охрабрувам техничката влада во Софија, претседателот Радев и Европските институции, како и македонската влада, Собранието, претседателот Пендаровски и опозицијата да ги совладаат овие предизвици со современ пристап и да тргнеме напред.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk