ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески избран за претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, одржана е првата седница

May 21, 2021 20:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов.

За претседател на Надзорниот одбор на СДСМ е избран Горан Сугаревски а на оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа.

Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување.

Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во обрќањето пред членовите посочи дека СДСМ е прва партија која воведе нов, современ Етички кодекс за членовите и носителите на раководни должности во партијата и државата, додавајќи дека очекува посветена работата на Надзорниот одбор во сите сегменти.

„Со Етичкиот кодекс СДСМ дефинираше највисоки етички стандарди во поглед на чесноста, транспарентноста, одговорноста. Оваа генерација политичари во СДСМ дава пример и конкретен придонес. Преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење. Тука очекувам максимален анжаман и посветеност на Надзорниот одбор и убеден сум дека тоа ќе го направите. Тоа се нашите вредности“, посочи Николовски.

Принципот на спој на искуство и освежување, на нова енергија и полет СДСМ го преслика и во составот на Надзорниот одбор на партијата.

Меѓу нив има личности кои многупати досега се докажале внатре во партијата и во општеството, но има и нови лица кои се спремни да се вложат во процесот на постојани промени на подобро, да се вградат во политиките на СДСМ.

Next Post

Вечерен преглед: Ќе се рушат времени објекти во „Градиште“, Силва и Вархеји со решение што не задира во идентитетските прашања, на потег е Бугарија

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk