Според податоците од Worlds Prison Brief, на лондонскиот Институт за истражување на криминал и политика за правда – ИЦПР, Северна Македонија во 2020 година имала 2.175 затвореници, вклучително лица во притвор, или 105 затвореници на 100.000 жители. Од нив 3,3 проценти се жени, 0,1 процент малолетници, а 6,5 отсто странски државјани, пренесува МИА.
Во земјите од регионот најмногу затвореници на 100.000 жители имаат Црна Гора – 172, Албанија – 164 и Србија – 158. Потоа следат, Бугарија – 109, Грција – 107, Северна Македонија – 105, Косово – 103 и Хрватска со 84 затвореници на 100 илјади жители.
Во Европа најмногу затвореници на 100 илјади жители имаат Белорусија – 345, Турција – 335 и Русија – 330, додека најмалку затворници на 100 илјади жители имаат Германија – 69, Финска – 53, Норвешка – 49 и Исланд – 33.
Додека меѓународните мониторинг мисии кај нас констатираат дека има пренатрупаност во затворите, во светот интензивно се аплицираат алтернативните мерки кои значително ги релаксираат казнено-поправните установи.





