ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонските одбојкари вечерва против Данска во Евролигата

May 23, 2021 18:22
in ДЕНЕС, СПОРТ

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва против Данска го игра решавачкиот натпревар во групната фаза од Европската сребрена лига, во кој „црвено – жолтите“ со триумф во салата „Парк“ во Струмица ќе го освојат првото пред завршниот турнир на почетокот на јуни.

По стартната победа со максимални 3:0 во сетови над Кипар во петокот, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ вчеравечер потешко од очекувањата триумфираа над Израел со 3:1.

Израел одигра добар натпревар и го доби првиот сет, заканувајќи се дека може целосно да го компензира поразот од Данците во првото коло од групата „А“.

Сепак, македонските одбојкари повторно најдоа начин да го кренат нивото на игра и на крајот ја забележаа втората победа. Капитенот Никола Ѓорѓиев стандардно беше најефикасен со 23 поени, центарот Ристо Николов одигра феноменален натпревар со 16 од коишто пет блока против исклучително расположените средни блокери на Израел.

– Ова беше тежок натпревар, заморени сме затоа што се подготвуваме за предизвиците во елиминациската фаза, но дадовме максимум. Ни беше важно да победиме и се надеваме дека формата ќе ни се подобрува со секој настап, истакна по натпреварот македонскиот репрезентативец Владо Милев.

Данска пред почетокот на турнирот важеше за најголем ривал на Македонците за првото место, а тоа го потврди со две победи во првите две кола.

Next Post

Заев за влашката редакција на Националниот сервис: Да го негуваме заедништвото, почитувајќи ги различностите

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk