ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Институтот Пастер смета дека Франција може да избегне четврти бран на епидемијата на Ковид-19

May 24, 2021 15:04
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Преку системот за моделирање на податоци, научниците од Институтот Пастер веруваат дека земјата може да го избегне 4-тиот бран на епидемијата со Ковид-19 во текот на сончевите денови. Но ова под услов тековното укинување на ограничувачките мерки да не го забави затишјето, констатирано од пред десетина дена, јави дописникот на МИА.

-Условите се поволни за да се попуштиме пред овој додуша умерен оптимизам, Институтот Пастер се потпира на подобрувањето забележано неколку недели во болниците и на падот на бројот на новозаразени.

Со моделирање на најновите податоци за епидемијата, Институтот Пастер „гради сценарија што ја опишуваат можната еволуција на епидемијата до летото“, стои во извештајот објавен на веб-страница на институтот.

Да резимираме: ако падот во болницата продолжи до 9 јуни (датум на 3-та фаза на укинување на мерките, особено со повторното отворање на рестораните) и кампањата за вакцинација не ослабне“, Институтот не очекува ова лето да забележи значително продолжување на епидемијата поврзана со „британската“ варијанта, ултра-мнозинска во Франција (77,8 отсто од сите случаи, јужноафриканската има удел со 5,8 отсто, оригиналната 3,2 отсто и 13 отсто е неопределена варијанта).

Сепак, таквото сценарио може да пропадне во случај на „појава на варијанти“ поотпорни на вакцини или на имунитетот стекнат од прележување, или „позаразна“ од британската варијанта.

Ако укинувањето на дел од ограничувањата на 19 мај го запре ова подобрување (што здравствените податоци нема да го покажат до почетокот на јуни), тогаш летната ситуација „би била понеизвесна“.

Сепак, заклучува извештајот од Институтот Пастер, „динамиката на епидемијата може значително да варира од еден до друг регион. Некои региони имаат поголем дел од популацијата која е заразена, што може делумно да ги заштити“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Борел го повика белорускиот амбасадор при ЕУ поради Проташевич

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk