ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Ѝ сошив бел фустан на Јованка, Тито извика „Каде исчезна салото?!“

May 25, 2021 20:40
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

-Таа сакаше нејзините фустани да бидат полни со украси. Иако ѝ кажував дека поедноставно е поелегантно, се сеќаваше Жужа за Јованка Броз.

„Мојата пријателка, вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито,  Јованка Броз почина во 11:45 часот на 89-годишна возраст во 2013-тата година во Клиничкиот центар во Србија.“

Нејзиното срце ја изневери откако целосно се сруши кон крајот на август и беше примена во болница со напреднат карцином на кожа. Ниту две реанимации, пренесе тогаш Вечерње новости, не успеале да ја спасат.

Дехидрираната, поспана, и целосно запоставена била некогашната прва дама на Југославија во последните месеци од животот, на што им претходела и изолација и прогонство, поради што не живеела воопшто добро.

Но, Жужа Јелинек, жена со животно искуство, како што сакаше да се претставува, се сеќаваше на Јованка сосема поинаку.
Сега веќе починатата Жужа беше личен кројач на Јованка Броз седумнаесет години. Таа исто така беше советник за мода на Тито и тврдеше дека токму таа го советувала за познатиот бел костум во кој Тито смело се облекол додека примал гости на островите Бријуни од светската државничка и актерската елита.

– Ја сакав многу Јованка, жал ми е што почина. Таа беше многу добра со мене. Се’ уште се сеќавам како ми донесе подарок – кутија со портокали кога ја запознав со нејзините две деца – се сеќаваше Жужа, шивачката, која се збогати главно преку својата работа, но и од нејзините богати сопрузи, а ја запозна Јованка имајќи „големи проблеми“ со маршалот Тито.

– Тито ми забрани да одржувам ревии во Америка под своето име. Живеевме во комунизам во Југославија и никој не смееше да се истакнува. Тито ми понуди да дојдам да работам во југословенска фабрика и да држам списанија под името на таа фабрика. Јас го одбив тоа! Се разбира, кој во тоа време се осмелуваше да му се спротивстави на маршалот. Но, јас бев уметник и не се предавав – прераскажуваше Жужа.

Кога се вратила од Америка, нејзиниот сопруг ја оставил по 22 години брак, бидејќи имал афера со нејзината слугинка, а нејзиниот тогашен пријател г-дин Ланг, декан на колеџ, ја предупредил дека итно мора да побегне од Хрватска, бидејќи во спротивно таа би завршила на Голи Оток!!
– Ги зедов децата и моите родители и возев цела ноќ до Женева. Таму се вработив во фабрика за мантили со човек што го запознав на брод кога се враќав од Америка. Секој месец откако почнаа да ми плаќаат, му пишував на Тито и го прашував нели е тажно што треба да ми плаќаат во Швајцарија, а да не можам да се вработам во сопствената земја – како да беше вчера, раскажуваше г-ѓа Јелинек.

По некое време Тито ѝ одговорил и ја поканил да дојде во Белград. Таа го зела и нејзиниот тогашен сопруг (се омажила откако нејзиниот прв сопруг ја напуштил), а Тито ја вработил во Белград да биде личен кројач на Јованка.
– Се согласив! Јованка доаѓаше во Загреб да пробува фустани што ќе ѝ ги сошијам и имавме проби во Горниот град.
Купував материјал за нејзините фустани во Париз, а еднаш бевме заедно во Париз на модна ревија на Диор. Тие беа почестени што Јованка дојде, сепак таа беше сопруга на Маршалот Тито.
Еднаш на Јованка ѝ сошив бел фустан. Ѝ стоеше одлично. Тито влезе во собата каде што таа го пробуваше фустанот и извика: „Па каде исчезна салото?“ Имено, Јованка имаше тесен струк, но дебели колкови. Имав искуство со шиење фустани за пополни дами, па знаев како вешто да ги кријам недостатоците. И Тито се чудеше!

Јованка сакаше да се облекува, дотерува, кити, па дури и да претерува. Таа сакаше нејзините фустани да бидат полни со украси. Но, Жужа ја советуваше да биде поедноставна и поелегантна и Јованка на крај ѝ се покоруваше.

Жужа уверуваше дека Јованка била добра и интелигентна жена. Но, многу љубоморна на Тито.
– Имаше неколку медицински сестри кои го масираа. Тоа ја лутеше. Иако и таа самата призна дека Тито е веќе стар и дека „тој не може ништо“ – раскажуваше Жужа Јелинек, шивачката на Јованка.

 

Јованка за Тито:
„Со текот на времето, се случи тоа зближување меѓу мене и Тито. Првиот голем чекор се случи во 1947 година, кога тој беше опериран од брух,  јас бев со него и се обидов да му ги олеснам болните денови. Тито ми рече дека чувствува дека може да обезбеди мирен живот со мене. Само што ми требаше многу време да се согласам, бидејќи тогаш, да бидам искрена, разликата во годините ме мачеше… И бев млада, ми се допаѓаа момци и имав многу додворувачи. После тоа, се зближивме и се вљубивме.“

Извадокот е од фељтон објавен од српски Блиц, во кој Јованка ја раскажува својата животна приказна во прво лице.

 

извор: женскимагазин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk