ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата одлучи да го раскине договорот со „Инвока“ за софтверот за полагање испити

May 25, 2021 20:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 72 седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од раскинување на Договорот од 28.2.2020 година за групна набавка и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020 склучен со друштвото „Инвока гроуп“,  ДООЕЛ-Скопје, информира владината Прес-служба.

– Притоа беше задолжен Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија да го раскине Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје, со задолжение согласно Законот за јавни набавки да се побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување на постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување на нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции, се наведува во соопштението.

Покрај ова, Генералниот секретаријат на Владата е задолжен по раскинување на Договорот да започне со редовна постапка за јавна набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции и да склучи нов Договор за групна набавка и да ги извести министерствата за правда, за внатрешни работи, за економија, за транспорт и врски, за труд и социјална политика и за животна средина и просторно планирање, Комисија за хартии од вредност, агенците за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и за катастар на недвижности, Царинската управа, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители, дека договорот со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ Скопје е раскинат и за постапката по заклучоците да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

– Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за основање на меѓуинституционална работна група заради унапредување на договорната соработка, во која членуваат претставници на органите на државната управа во Република Северна Македонија и од самостојните органи на државната управа кои што учествуваат во усогласување на меѓународни договори чија основна задача ќе биде координација и поддршка на активностите насочени кон склучување и влегување во сила на меѓународните договори заради зголемување на договорната соработка со другите субјекти на меѓународното право. Целта е, придонесување кон финализирање и склучување на меѓународните договори за кои е иницирана постапка за усогласување и унапредување на соработката на Република Северна Македонија во различни области, што ќе придонесе кон зголемување на угледот на Република Северна Македонија во меѓународните односи, се наведува во соопштението.

Меѓу другото, на седницата е разгледана и усвоена Информацијата за завршени преговори за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Словачката амбасада во земјава и Владата, претставувана од Министерството за информатичко општество и администрација, при што беше донесена одлука, ресорниот министер да го потпише Меморандумот.

– Меморандумот се однесува на имплементацијата на проектот „Трансфер на знаење за дигитализацијата во јавната администрација во земјите од Западен Балкан“, финансиран од СловакАид – Официјална развојна помош на Словачката Република и содржи конкретен план за обуки и нотирани институции, кои ќе делегираат свои членови да учествуваат во истите, се вели во соопштението.

Како што информира впадината Прес-служба, на седницата е разговарано и е прифатена Информацијата за потпишување на Заедничката декларација од страна на Северна Македонија за имплементација на Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, при што беше прифатен текстот на Декларацијата и беше донесено овластување, министерките за образование и наука Мила Царовска и за култура Ирена Стефоска да ја потпишат.

– Со потпишување на овој документ се прифаќа помошта што ја нуди Европската Унија за економски раст, нови работни места и имплементација на реформи потребни за поддршка на регионот за Европска перспектива и интензивирање на заложбата на сите нивоа за трансформација на политички, економски и социјален план. Агендата ќе придонесе за социјален и економски развој и регионална соработка, врз основа на целосна поддршка од страна на Европската Унија за брз рестарт на економијата во регионот во процесот на пристапување кон ЕУ, врз основа на воспоставениот амбициозен Економски и Инвестициски План од страна на Европската комисија, за регионот, за поддршка на заедничката зелена и дигитална транзиција, со предлог за издвојување на 9 милијарди евра од ИПА 3 за периодот 2021-2027, вклучувајќи ја гаранцијата за Западен Балкан со амбиција потенцијално да се зголемат вложувањата до износ од 20 милијарди евра, информира Владата.

Министрите денеска го утврдија и Предлог-законот за ратификација на Договорот помеѓу владата на Северна Македонија и Франција, кој се однесува на основањето и на активностите на Француската агенција за развој (ФАР), на Пропарко и на Експерти за Франција во Република Северна Македонија.

– Со ратификацијата на Договорот, со кој се утврдуваат правилата што ќе се применуваат за основање и за активности на Групацијата ФАР и на Експертиза Франција во Република Северна Македонија и со кој се дефинираат правните, даночните и финансиските услови кои се применуваат за статусот и за активностите на Групацијата ФАР и на Експертиза Франција во земјата и начинот на нивно работење се овозможува уредување на основањето на претставништво со цел, унапредување на економската и финансиската соработка преку што и се создава можност за поблиска билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Француската Република во наредниот период особено преку работата на претставништвото на ФАР. Основната дејност на Претставништвото е да обезбеди субвенции, долгорочни заеми и гаранции,  да доделуваат финансиска помош на Република Северна Македонија, на единиците на локалната самоуправа, на јавните и приватните претпријатија односно трговски друштва, согласно овој договор и националното законодавство на нашата држава, се додава во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025

Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk