ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасадорите на ЕУ и министерот Нуредини во акција за чистење

May 26, 2021 17:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, амбасадорите на Австрија, Хрватска, Франција, Унгарија, Италија, Полска, Холандија, Романија, Шведска и Чешката Република, како и министерот за животна средина, Насер Нуредини, денеска учествуваа во акцијата за чистење организирана од Делегацијата на Европската унија.

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, акцијата беше организирана по повод годинашното одбележување на Денот на Европа, како и во рамките на тековната кампања „За чисто како дома исто“. 

Амбасадорите и министерот го чистеа просторот околу зградата на Централната пошта во Скопје, која минатиот месец беше ставена на списокот на Еуропа Ностра меѓу седумте најзагрозени локалитети на културно наследство во Европа за 2021 година. Зборувајќи со еден глас, учесниците ја истакнаа важноста за заштита на животната средина и одржување на природата чиста, но ја истакнаа и важноста на грижата за културните обележја.

-Ние треба да го зачуваме културното наследство за идните генерации, а во исто време треба да ги зачуваме и природните ресурси и природната средина. Нашата акција за чистење денес е во согласност со целите на Европскиот зелен договор: да го подобриме квалитетот на животот на сегашната генерација и да им оставиме поздрава животна средина на генерациите што доаѓаат. Што се однесува до Централната пошта, Управниот одбор на Еуропа Ностра го препозна нејзиното извонредно значење како симбол на повторното раѓање на градот по земјотресот. Итно е потребна акција за зачувување и обезбедување на местото за да може повторно да се роди по втор пат, изјави амбасадорот Дејвид Гир за време на акцијата за чистење.

Нагласувајќи на важноста на чистата животна средина, министерот Нуредини рече дека заедно со европските амбасадори, се вклучува во акција на чистење на отпадот со цел, вели, да ја подигнеме свеста за одговорноста за отпадот што го создаваме. 

-Од ова специфично место сакам да упатам порака дека местото на отпадот не е на улица. Мораме да ги градиме нашите навики, отпадот да го селектираме и да го одложуваме на местото што е определено за него доколку сакаме нашата околина да биде здрава. Секој од нас треба да се однесува и надвор, онака како што се однесува во својот дом, за да нашите улици, паркови и секаде околу нас биде ‘чисто како дома исто’, рече министерот Нуредини.

Иницијативата, како што се наведува, следува по другите индивидуални акции за чистење на амбасадите на земјите-членки на ЕУ организирани во контекст на годинашниот Ден на Европа. Покрај тоа, овој чин е и обид да се заживее кампањата „За чисто како дома исто“ и да се потсети дека има уште многу што да се направи во одржувањето на чиста околина. Во согласност со Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан, иницијативата се обидува да ја подигне свеста за важноста на собирањето и рециклирањето на отпад.

Со цел да се осигури дека со собраниот отпад се управува и тој се отстранува на еколошки начин, акциите за чистење се организираат во партнерство со Нула Отпад

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Папата бакна број истетовиран на рака на жена која го преживеала Аушвиц

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk