ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска со порака до идните средношколци: иднината е во стручното образование, направете вистински избор

May 26, 2021 13:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Следниот месец се уписите во средните училишта и јас апелирам до младите добро да размислат каде ќе продолжат да се образуваат по завршување на деветолетката. Да се водат според личните афинитети и желби, а помалку според желбите на родителите и семејствата и секогаш предвид да ги имаат состојбите на пазарот на трудот, да истражат и да ги следат официјалните информации на институциите за тоа какви слободни работни места има и што се бара како човечки ресурс во стопанството. А тие податоци упатуваат на стручното образование. Тоа е видот на образование кој нуди најголема веројатност за обезбедување на пристојно и добро платено работно место.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска по денешната посета на неколку средни стручни училишта во Скопје кои организираат отворени денови за идните средношколци со цел нивно запознавање со можностите и перспективите кои ги нуди овој тип на образование.

Активностите се реализираат во рамки на кампањата за промоција на средно стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ што ја спроведува МОН со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, а која, како што рече Царовска е уникатна и очекува да ги даде проектираните ефекти.

„Се работи за кампања каква што досега не се организирала на овој принцип и во  волкав обем. Денес ја заокружуваме втората компонента на кампањата, која е промотивна. Додека во рамки на првата фаза се водеше интензивен дијалог помеѓу МОН, локалните самоуправи, училиштата и бизнис заедницата со цел идентификување на потребите од отворање на одредени профили и паралелки во секоја од општините, согласно состојбите на локалниот пазар на работна сила. Се креираше уписна политика која им одговара на сите, а најмногу ќе придонесе за намалување на младинската невработеност во државата“, рече Царовска.

Потсети дека оваа година ставен е голем фокус на дуалното образование како концепт кој е интересен за младите, затоа што повеќе насочува на практична обука на работно место, отколку на изучување теорија во училница. Вкупно 97 дуални паралелки се отворени во 46 средни стручни училишта, а наставата ќе се реализира заедно со 200 компании кои изразија интерес да се вклучат во образовниот систем. Министерката  нагласи и дека промени има и во политиката на МОН за стипендирање на средношколците.

„Годинава предвидуваме 2000 стипендии во вредност од 3500 денари на месечно ниво за 9 месеци во годината за сите ученици кои ќе се запишат во дуална паралелка и тоа е одличен мотив за избор на дуално образование, за додека се учи, истовремено и се остварува приход, кој и тоа како им значи на младите“, рече Царовска, потенцирајќи дека сепак, најголем мотив за изборот на средното стручно образование треба да биде веројатноста која ја нуди за брз и успешен настап на пазарот на трудот, а со тоа и за обезбедување на економска независност од семејството што ќе одговара на европскиот просек за осамостојување на младите.

„Во Скопје, во 20тина училишта се нудат струки кои гарантираат сигурна работа и солидна плата. Секоја струка вреди и за секој кој ќе одбере стручно образование има место во македонското стопанство. Изборот е голем и ништо не е погрешно ако биде одбрано. Уписите почнуваат кон средината на следниот месец и до тогаш секој има доволно време за да одлучи каде ќе ги поднесе документите за упис“, потенцираше Царовска.

За потсетување, уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна документација.

Во конкурсот за упис во средно образование се понудени вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои, речиси две третини, односно 19.602 во стручно образование во 604 паралелки.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Арсовски: Една М-Смарт картичката за ослободување од патарина на српските државјани чини 860 денари

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk