ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски и Радев заедно во Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј

May 26, 2021 10:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“, претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев утре заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Двајцата претседатели утре ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј. Тие ги предводат делегациите на двете земји, кои ќе ги посетат Рим и Ватикан во чест на сесловенските просветители.

Положувањето цвеќе во спомен на сесловенските просветители на плочите на македонски и бугарски јазик и воопшто заедничката посета и заедничкото патување со бугарски државен авион на двете делегации се оценува како чекор кон затоплување на климата меѓу двете земји и тоа во момент кога на маса е ставен португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија и за одблокирање на процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Тоа ќе биде единствената заедничката активности на двајцата претседатели во чест на Свети Кирил и Методиј, а Пендаровски и Радев утре по оддавањето почит на сесловенските проветители ќе имаат изјава за медиумите.

Одбележувањето на Свети Кирил и Методиј на двете државни делегации оваа година не се одржа на Денот на просветителите, 24 Мај, туку малку подоцна поради здравствените протоколи на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. На самиот ден на Свети Кирил и Методиј во Рим и Ватикан беше делегација на МПЦ-ОА, предводена од владиката Пимен, кој чиноначалствуваше со молебен на гробот на Св. Кирил.

Пендаровски и Радев денеска полетуваат за Рим. Радев со неговата делегација најпрво ќе пристигне на скопскиот аеродром, каде ќе има куса неформална средба со Пендаровски и потоа двете делегации, заедно со медиумските екипи со бугарскиот државен авион ќе се упатат за Рим.

Претседателот Пендаровски денеска попладне во Рим ќе оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, по што ќе даде изјава за медиуми.

Во рамки на посетата за денеска е планирано и потпишување на Договор за соработка меѓу Медиумската информативна агенција и Бугарската информативна агенција.  Договорот ќе го потпишат директорите на МИА и БТА, Драган Антоновски и Кирил Волчев, а на потпишувањето ќе бидат присутни и претседателите Пендаровски и Радев.

Шефот на државата утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црквата, папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.  Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.

Во состав на државно-црковната делегација, што ќе ја предводи претседателот Пендаровски, се министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Негово Високопреосвештенство, митрополит европски, г. Пимен, и отец Зоран Стојанов, парох во Радово и Декан на Деканатот на Св. Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија.

Заедничкото патување и чествување на Свети Кирил и Методиј многумина и во земјава и во ЕУ ги оценија како добра можност за затоплување на односите меѓу двете земји. И самите претседателите на двете држави позитивно гледаат на престојното патување, иако, како што напомена Пендаровски тие не може формално да преговараат за спорот, бидејќи немаат такви задолженија.

Пендаровски минатата недела изјави дека овој чин е еден добар симболичен гест од двете страни, кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ.

– Одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата, затоа што ќе го решаваме спорот. Предлогот беше даден пред еден месец, јас сметав дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас, од Скопје. Сметам дека ова е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавивме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму во преговорите во врска со блокадата, изјави Пендаровски, кој додаде дека со Радев нема формално да преговара, но со оглед на фактот дека многу време ќе поминат заедно, неизбежно е дека ќе стане збор и за спорот, но сето тоа ќе биде во неформален контекст.

Радев изминатите два дена во Брисел учествуваше на Самитот на Унијата. Оттаму во врска со претстојната посета на Рим со Пендаровски истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка. Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања.

Бугарскиот претседател Радев вчера најави и дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ќучук: Треба време за решавање на комплексното прашање меѓу Скопје и Софија

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk