ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рот: Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение прифатливо за Скопје и Софија

May 26, 2021 19:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сега имаме прозорец на можности. Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Работиме да постигнеме успех на 22 јуни оваа година во Советот на ЕУ.  Цврсто сум убеден во тоа дека ако сега не испорачаме како ЕУ тогаш оваа динамика оваа доверба ќе биде изгубена, порача германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, на прес-конференцијата во Скопје со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

-Се уште не ја прекачивме планината, но знам дека само солидарно и заедно можеме да го направиме тоа. Некој ќе се праша каде беше Европа во овие изминати недели, и месеци. Сакам да ве убедам дека ние сме на вашата страна. За време на германското претседателство се обидовме да постигнеме напредок бидејќи вие драги Македонци го заслуживте тоа. Вашата земја постигна голем напредок, се охррабривте да решите еден голем истрориски спор со тоа што го променивме името на вашата земја и од тука е легитимно да очекувате ние од страна на ЕУ  да ги исполниме нашите ветувања. Сакам да ви ветам дека не само Германија е на вашата страна, туку дека партнерите во ЕУ, исто како и претходно се чувствуваат обрзани за конкретна перспектива за сите земји од ЗБ. Ќе се радувавме ако минатата година успееше да се започнат преговорите со С Македонија и Албанија, но не успеавме. Сега работиме со португалското претседателство со Советот на ЕУ тоа да може да успее. Останувам оптимист дека ќе успееме во тоа. Она што ни е потребна сега е свест за одговорност, храброст, сега ни е потребно да се држиме заедно и за мене тоа е повеќе од само ветување, рече Рот обраќајќи се до македонските граѓани.

Тој изрази уверување дека сега постои голема шанса за решение на спорот меѓу С Македонија и Бугарија  и отпочнување на пристапните преговори на земјава.

-Благодарем сум на нашите пријатели овде во Владата, но и во Бугарија дека сега имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Португалското претседателство со Советот активно работи на едно вакво решение, а ние во сојузната Влада во Берлин го поддржуваме тоа онаму каде што можеме. Се надевам дека ќе го имате неопходното трпение бидејќи важни се и реформите, тоа е мојата порака до владата овде, рече Рот.

Рот,  упати порака и до опозицијата во земјата за минимум подготвеност за компромиси и консензус во заедничкото чекорење кон ЕУ.

На прашањето што се сменило за сега да биде голем оптимист дека ќе има решение тој рече дека сега на сите им е јасно дека се потребни веродостојни успеси за Западен Балкан.

-Мислам дека на сите ни е јасно дека потребни ни се веродостојни успеси на Западен Балкан, не затоа што е во ваш интерес туку и во наш интерес е да има стабилност, регионално помирување, безбедност, демократија. Тоа е од исклучително значење за ЕУ, не само за Германија, порача Рот.

Според Димитров, добар сигнал во насока на очекувањата за деблокада на преговорите со ЕУ е денешната средба на претседателите Пендаровски и Радев и посетата на Рим.

-На сите ни е јасно денес колку голем е влогот. Истовремено имам предизвик од една страна да се менаџира со очекувањата, бидејќи неколку пати веќе имаме зборувано и во јуни 2018, и во јуни 2019, и во октомври 2019 и во март минатата година, кога беше дадено зеленото светло, но наше е да не дигаме раце да се обидеме без при тоа да созададеме некакви преголеми очекувања. Мислам дека треба да работиме на резултат, а не на подигнување на очекувањата. Тоа што двајцата претседатели Пендаровски и Радев се заедно во Рим е јасен сигнал дека се возобновува дијалогот и мислам дека македонско-бугарското пријателство и заедничка европска иднина треба да ја искористи оваа шанса,  рече Димитров

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Брнз: Задоволни сме од тековните разговори меѓу Софија и Скопје во насока на отворање на патот кон ЕУ за Северна Македонија

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk