ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи

May 26, 2021 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет истакна дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи.

-Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите коишто беа наметнати од новонастанатата состојба, потенцираше Шахпаска на седницата на ЕСС, во врска со анализите направени од страна на Меѓународната организација на трудот(МОТ).

Анализите, кои се во рамки на Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, се однесуваат на претприемачката култура, работата на далечина, пристапот на микро, мали и средни претпријатија до финансиски средства и претприемачкиот еко систем во Северна Македонија.

-Овие анализи ќе бидат од голема корист во развојот и имплементацијата на економско социјалните политики, истакна Шахпаска.

На денешната седница беше презентирана и разгледана Нацрт рамката на индикатори кои ја мерат ефикасноста на Економско социјалните совети на државите од Западен Балкан. Овој документ е подготвен во рамки на регионалниот проект Платформа за вработување и социјални прашања 2.

-Значењето на овие индикатори е големо, бидејќи токму преку нив ќе можеме компаративно да ја согледаме ефикасноста на нашиот Економско социјален совет во однос на истите вакви тела од регионот, а со тоа ја унапредиме и неговата улога во водењето на социјалниот дијалог, рече министерката Шахпаска.

На иницијатива на Организација на работодавци на Македонија, на седницата на ЕСС беше презентирано и Националното истражување во рамки на проектот „Меѓугенерациски јаз“ спроведено од нивна страна. Ова истражување има за цел добивање на суштински податоци за управувањето со стареењето и меѓугенерациските предизвици на македонскиот пазар на трудот.

-Истражувањето упатува на тоа, дека повозрасните работници поседуваат работно искуство, знаење и посебни вештини, додека пак слабост им е новата технологија. Додека пак на новите генерации предност им се вештините и познавањето на информатичката технологија, а слабост немањето доволно искуство. Оттука произлегува и суштинското значење во надминувањето на меѓугенерацискиот јаз кој лежи во премостувањето на овие генерациски разлики, преку размена на искуство и знаење, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.

На седницата на ЕСС, од страна на членовите, беше избран Сали Сали како претставник од Економско социјалниот совет за член во Советот за статистика.

-Економско социјалниот совет продолжува во рамки на работни групи и тела преку водење на конструктивен социјален дијалог да влијае во креирање на политики кои се од заеднички интерес на чинители во општеството, велат од министерството.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Доделени награди за вработени во градинките во Центар

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk