ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Ги поттикнуваме младите стручно да се образуваат за да бидат конкурентни на пазарот на трудот

May 26, 2021 13:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ чија цел е идните средношколци да се запознаат со перспективите и можностите што ги нуди овој тип образование,  градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука, Мила Царовска,  денеска го посетија средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“.

Задоволство ми е што сум овде во најдоброто, најдигитализираното и најопременото средно училиште во Македонија „Владо Тасевски“ кое веќе 60 години е дел од образовниот процес во нашава држава, во рамки на отворените денови на училиштето. Нашата цел е да ја промовираме дуалната настава. Во учебната 2021/2022 година во 11 средни училишта во нашиот град ќе се отворат 25 паралелки кои под мотото „Учи паметно, работи стручно“ им овозможуваат на средношколците во самиот образовен процес да добијат доволно стручна надградба. Станува збор за производство на кадри на пазарот на трудот коишто се сериозно дефицитарни. Уште од самиот почеток, тие што ќе се определат за дуална настава стануваат стипендисти на компаниите кои се соработници на Министерството за образование и наука и на Градот Скопје и преку стипендијата, односно остручувањето на учениците им се гарантира и вработување веднаш по завршувањето на средното образование. На овој начин сакаме да ги поттикнеме младите во Скопје стручно да се образуваат за да бидат конкурентни на пазарот на трудот и на добро платени работни места – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој ги покани претставниците на медиумите да го разгледаат училиштето „Владо Тасевски“ и да посведочат како во изминатите три години Градот Скопје успеа целосно да го реновира и да обезбеди најдобри и најдигитализирани училници во државата со што се пресретнува мултимедијалниот начин на одвивање на наставата, односно дигитализацијата на наставата.

Скопје е современ, европски град. Тие се стандардите за коишто јас се залагам, тие се стандардите што моите соработници ги имплементираат. Во ова училиште има две училишни компании, го стимулираме и претприемништвото. Ве поканувам да станете корисници на услугите на тие компании кои се непрофитабилни, но пораките кои ги испраќаат се еколошки, дигитализирани и имаат голема поддршка и од училиштето и од Градот Скопје. Ве повикувам да промовираме нешто што е во зародиш во образовниот процес во нашава држава, да помогнеме сите овие прекрасни деца кои волонтерски ја работат оваа работа да бидат промовирани во јавноста со цел тој процес да го придвижиме и во преостанатите училишта во Македонија – рече Шилегов.

Според министерката Царовска, за во едно училиште да има добра работна атмосфера значајно е да има спремни наставници, добри програми и квалитетна инфраструктура и опременост на училиштето, а во ова училиште сите три елементи се задоволени.

Мојата главна порака до учениците од деветто одделение кои сега бараат каде да се запишат е да ги изберат струките кои ги нуди ова училиште, зашто училиштето не не остручува само за работата што треба да ја извршуваме, туку не гради и како личности кои треба да бидат продуктивни и да ја развиваат и движат економијата во нашава држава – нагласи Царовска.

Во средното училиште „Владо Тасевски“ денеска беа поставени штандови на кои ученици и наставници компетентни во струката ги промовираа образовните струки и профили кои се нудат како можност за запишување на учениците во прва година средно стручно образование. Целта на отворените денови е да се подигне јавната свест за предностите на средното стручно образование, промовирање на струките и образовните профили кои ги нуди ова училишта, менување на перцепцијата за стручното образование, промоција на можностите за стипендии, како и на  можностите за пракса и вработување по завршување на средното образование.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џафери-Абдрашов: Насочени сме кон зајакнувањето на економската соработка на двете земји, зголемувањето на трговската размена и иницирањето на инвестициски активности

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk