Претседателот Стево Пендаровски при неговата посета во Рим, имаше средба и со Папата Франциск.
Претседателот Пендаровски на папата му подари дрес со кој македонската фудбалска репрезентација ќе настапи на претстојното Европско првенство, испишан со името на папата на кирилица
„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство.“, објави на Фејсбук Пендаровски.