ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Заев за реформите во правосудството: Извештаите од ЕУ нотираат видливи успеси во владеењето на правото, судиите да се охрабрат уште повеќе да носат одлуки согласно Устав и закон, без влијанија од кого било

May 27, 2021 20:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот изрази задоволство од извештаите од Европската унија коишто нотираат видливи успеси во владеењето на правото и во спроведувањето на правото еднакво за сите. Тој констатираше дека тоа е сигнал за да се работи уште повеќе во тој правец, за да може да расте уште повеќе довербата на граѓаните во правосудството, да може уште повеќе да се охрабрат делителите на правдата, судиите, истражителите, обвинителите – да носат одлуки согласно Устав, закон, сопствено убедување, без какво било влијание од кого било, да ја делат правдата, но истовремено да ја штитат и правичноста, давајќи им на граѓаните можност до крај да ги искористат сите правни алатки и инструменти што им стојат на располагање.
„Изминатиот период сме сведоци дека е засилена ефикасноста, редовноста и одржувањето на рочиштата со засилен интензитет. Само во 2020 година најголемиот суд, Кривичнот суд Скопје 1 има 1.500 предмети повеќе, кога е корона-време, во споредба со 2019 година. Сето тоа го прави транспарентноста, гласноста на граѓаните, контролата на Судскиот совет во судството. Убеден сум дека ќе продолжиме заедно уште повеќе да ја градиме довербата во правосудството.  Политичарите треба да ги тргнат своите раце далеку од правосудството. Судиите се должни да носат одлуки согласно Устав, закон и сопствено убедување. Секогаш постои второстепеност, Врховен суд, па и Стразбур, но дефинитивно делењето на правдата е нешто што го очекуваат граѓаните да биде еднакво за сите. Никој не е виновен додека не се докаже вина, секој мора да одговара доколку доказите тоа го потврдуваат. Само на тој начин можеме да зборуваме за европска вредност. Задоволен сум од досегашните реформи, но уште многу треба да работиме сите заедно, согласно својата одговорност: судии, обвинители, извршители, стручни соработници, како што очекувам личната одговорност од премиерот, министрите, замениците министри, јавната администрација и сите други, прво да работиме, тие осум часа дневно коишто ги имаме како обврска – поголемиот дел да го сработиме, верувам дека ќе имаме поефикасна земја којашто ќе им служи на граѓаните“, рече премиерот Заев.

Тој порача дека „владеењето на правото и довербата во правниот систем значи економија, значи економски стандард, значи повеќе инвестиции, тоа е еден од главните постулати да се биде членка на НАТО, но и првото поглавје што се отвора при членство во ЕУ и последното што се затвора, па денес е и сериозна тема помеѓу земјите членки на ЕУ“, поради што во изминатиот период се подготвени повеќе системски закони од Министерството за правда.

Тоа, како што посочи премиерот Заев, се Законот за судови и Законот за Судскиот совет, за коишто имаше позитивни оценки од Венецијанската комисија; дека Законот за Јавното обвинителство е најзначајниот закон со којшто се овозможи продолжување на сите постапки започнати од СЈО и се продолжија сите случаи против организиран криминал и корупција, што е и барање на Европската унија; дека е значаен и новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто се формираше нова комисија на отворен и транспарентен начин, а се овозможи неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата, со многу отворени истраги за носителите на јавни функции; дека се донесе и новиот Закон за бесплатна правна помош, со којшто се зголеми пристапот до правда и се овозможи правна помош за најранливите категории на граѓани; судските такси се намалија за осум пати, а се намалија и трошоците кон извршителите и нотарите; како и дека според предвиденото, во наредните месеци ќе се изврши целосна дигитализација на 34 судови и 187 судници, со што се решава и едно горливо прашање, како што е доставата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk