ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трилатерален состанок: Зголемен интересот на потрошувачите за квалитетот на испорачаната енергија и услугите од снабдувачите

May 27, 2021 11:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Како се рефлектираше пандемијата Ковид  – 19 врз електроенергетските системи и какви мерки презедоа регулаторите од Европа за да го заштитат потрошувачите се дел од темите на третиот трилатерален состанок организиран од Советот на европски регулатори на енергија (CЕЕR), Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB) и Здружението на медитерански регулатори на енергија (MEDREG) .

Како што информираат од Комисија за енергетика и водни услуги, регулаторите се сложиле дека во изминатиот период поради концентрираната работа од дома кај потрошувачите има зголемен интерес за нивните права кога станува збор за квалитетот на испорачаната енергија и понудената услуга од снабдувачите.

-Заштитата на потрошувачите е главната цел кон која се насочени сите активности во Одборот на регулатори на Енергетската заедница, посочува Бислимоски кој во улога на претседател на Одборот учествувал на состанокот.

Заклучил дека фер договори за потрошувачите и обезбедување на висок стандард во квалитетот на снабдување се правила кои мора да се гарантираат и за кои не смее да има отстапување.

-Како регулатори, нашата главна цел е да обезбедиме либерализација и енергетска транзиција што подразбира замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија и тоа е за доброто на граѓаните. Имплементацијата на таканаречениот Пакет на регулатива за зелена енергија претставува предизвик за нас. Имаме за цел да ги мотивираме потрошувачите активно да се ангажираат и да бидат запознаени со процесите и новите технологии со кои ќе им се овозможи флексибилност при употребата на достапните системи, изјавил Бислимоски.

Осврнувајќи се на годината што ја одбележа пандемијата на состанокот било посочено дека дигитализацијата се покажала како успешен мост кој значително ја заменил физичката наплата и обезбедил да не се загрози ликвидноста на енергетските компании

Од Комисијата дополнително соопштуваат дека во текот на денешниот ден европските и медитеранските регулатори продолжуваат со дискусија и ќе се однесува на креирањето на механизми заради поттикнување поголемо учество на потрошувачите на пазарите.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Џафери го очекува ребалансот на Буџетот, интерпелациите за Маричиќ и Николовски до 8 јуни

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk