ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и 187 судници

May 27, 2021 17:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новина е дигитализацијата во судството која треба дополнително да ја зголеми транспарентноста, ефикасноста и ефективноста на правосудството. Министерството за правда ги прави последните подготовки пред почетокот на опремувањето на судовите и судниците во земјата со информатичка опрема со која целосно ќе се дигитализира нивната работа. Според планот, во наредните месеци ќе се изврши целосна дигитализација. Целосно ќе се дигитализираат 34 судови и 187 судници, истакна денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

Премиерот посочи дека со воведување на платформата за интеропераболност, како долгорочен приоритет на правосудните институции, се овозможува поврзување на сите институции, побрза размена на податоци, сигурност при размената на податоците, достапност на податоците, поефикасна работа на самите институции и поефикасно и побрзо опслужување на крајните корисници.

Тој, одговарајќи на прашањето дали е задоволен од реформите во правосудството, нагласи дека за него владеењето на правото и довербата во правниот систем, значи економија, значи економски стандард, значи повеќе инвестиции, пред се домашни, но и и повеќе странски инвестиции бидејќи тоа е еден од главните постулати за да се биде членка на на НАТО, но, како што рече, гледате дека тоа е и првото поглавје што се отвара при членство во Европската Унија и последното што се затвора, па дури и денеска е сериозна актуелна тема меѓу земјите членки на ЕУ токму раздавањето на правдата, владеењето на правото, независноста, ефикасноста, транспарентноста и така натаму.

Премиерот констатираше дека со усвојувањето на новите закони во правосудството се отворил пат за прочистување или филтирирање на судството.

– Досега има транспарентно со аргументации постапено преку мониторинг на случаеви и постапување по претставки, разрешено 12 судии. Тоа секако сериозно ја испраќа пораката дека никој не е изземен од законот и секаде има санкции на неделење соодветно правда, намерно застарување на предмети, намерно влијание во самите предмети, потенцираше претседателот на Владата.

Премиерот наведе дека се подготвуваат измени и на Законот за граѓанска одговорност, за навреда и клевета, каде предлог е за 10 пати да се намали надоместокот за штета.

– Она што е значајно е дека се предвидени одредби со кои ќе се овозможи повисоко ниво на заштити на новинарите и медиумските работници, како и други лица кои што вршат работи од јавен интерес, како што се на пример лекарите. Со измените практично се пропишуваат построги казни за следниве кривични дела: убиство, спречување службено лице во вршење на службено дејствие, загрозување на сигурноста и за присилбата, посочи Заев.

Тој додаде дека во фаза на подготовка се измените на Законот за академија на судии и јавни обвинители, што, како што рече, е суштински закон кој треба да овозможи влез на нова и силна генерација на слушатели на Академијата, која треба да биде носител на промените во правосудството за процесот којшто претстои пред нас.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Дејли мејл“: Бајден ќе го претстави најголемиот воен буџет по Втората светска војна

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk