„Левица е голем фејк во нашето општество. Се претставуваат како левичари, а се радикални десничари. Тие не се иднината на оваа земја“ кажа премиерот на Република Северна Македонија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Фокус“.
Тој додаде дека лесно е да се собираат националистички и популистички поени, но јуначки е да се решаваат проблемите и да се спроведуваат решенијата.
„Тие често зборуваат невистини и ги охрабруваат младите, но не само што ќе биде поразително за тие млади, туку ќе им ја скрши душата“ кажа Заев.
Во врска со локалните избори, премиерот Заев повтори дека очекува видлива и недвојбена победа, која според него, ќе зависи од коалициониот настап како и од изборот на личности.
„Иако ја предводиме најголемата партија размислуваме за можни коалиции и соработки. Спремни сме да споделиме одговорност,но и да бараме поддршка од сите. Во единството е силата и победата. Некаде ќе има коалиција во вториот круг, некаде уште во првиот. Се ќе зависи од квалитетот на кандидатите“ кажа Заев.