ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Работиме на градење доверба со Бугарија и паралелно на предлогот на Португалското претседателство

May 28, 2021 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапот на актуелната бугарска влада е конструктивен, посебно во создавање на довербата и во реториката и во чекорите. Сакам да ја охрабрам таа конструктивнст и да одговорам на таа конструктивност со наша конструктивност и се надевам дека во наредните денови и недели ќе правиме чекори кон враќање на довербата, изјави денеска министерот за надворешни Бујар Османи, по настанот организиран во пресрет на Преспа Форум Дијалогот планиран за јули.

-Формално – правно нема никаква пречка Република Бугарија да дозволи организирање на меѓувладина конференција врз основа на веќе донесена политичка одлука од март. Не сакам да ги кренам очекувањата на граѓаните бидејќи во неколку наврати бевме сведоци дека овој процес се покажа како мошне комплексен. Меѓутоа, сè уште сме таму. Јуни е најдобриот прозорец на можности можеби во наредните две години и дека целата енергија и сите карти ги ставаме на јуни како можност за надминување на оваа блокада која е наметната, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање, до каде е процесот на разговори со Бугарија.

Шефот на дипломатијата потенцира дека се работи со бугарската страна на градење доверба, но оти парлалено се разговара и за предлогот на Португалското претседателство на ЕУ.

-Кое било решение може да се најде само во услови на вратена доверба помеѓу страните, односно дека е невозможно да се најде решение при изгубена довербата. Довербата е како мозаик од камчиња. Треба камче по камче да ја изградите. Мислам дека тој процес на изградба на доверба го започавме сериозно во последните денови и планираме во наредниот период, а посебно во наредните две – три недели да ја изградиме таа доверба со мали и големи чекори кои беа пропуштени во изминатиот период поради многу причини. Со тоа да создадеме атмосфера помеѓу двете страни на доверба. Паралелно работиме со нашите пријатели во рамки на предлогот на Португалското претседателството за којшто се разговара на повеќеќ форуми, рече министерот за надворешни работи.

Потсети дека предлогот на Португалското претседателство веќе го оценивме како добра основа за надминување на разиките бидејќи ги зема предвид, како што рече, сензитивностите на сите страни – нашата страна, бугарската страна, но и земјите – членки кои не прифаќаат билатерализација на преговарачкиот процес.

-Оттука сметам дека португалското решение иако не беше под црвените линии, во ниту еден момент не ги премина тие позиции на трите страни во случајов за да може да биде отфрлен како решение. Работиме со Португалското претседателство, билатерално со Република Бугарија, но работиме и со земјите – членки да се искористи овој период од неколку недели за тоа решение да се претвори во конечно решение за надминување на разликите помеѓу нашите две држави, потенцираше Османи.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Извор: suedtirolnews.it

Земјава попривлечна и од Португалија за производство на медицински канабис

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk