ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Димитров стана член на реномираниот Европски совет за надворешни односи

May 28, 2021 13:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вистинска чест е да ја добијам оваа лична покана која ја прифатив со огромно задоволство, бидејќи можноста да соработувам одблиску со колегите од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), кои се ценети мислители и креатори на глобални одлуки е голема привилегија, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод поканата од копретседавачите на ЕЦФР, со која стана официјален член на оваа водечка меѓународна тинк-тенк организација посветена на европската надворешна и безбедносна политика.

По тој повод, вицепремиерот Димитров денеска во Скопје се сретна со заменик-директорката на ЕЦФР и раководителка на канцеларијата во Софија, Весела Чернева, со која разговараше за неговата улога како член во Советот и оптимизирање на можностите за соработка.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров се заблагодари за честа да се приклучи на престижниот ЕЦФР и изрази уверување дека ќе работи посветено за да придонесе кон исполнување на мисијата на оваа уникатна платформа за поврзување на убедените Европејци.

– Верувам дека моите и лични и професионални цели, вредности и принципи се усогласени со оние на ЕЦФР, насочени кон создавање подобра, посигурна, побезбедна Европа за доброто на сите граѓани. Особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални предизвици и настани кои менуваат светски текови и ги преиспитуваат столбовите на меѓународниот поредок, изјави Димиторв.

Во име на  ЕЦФР и од свое лично име, Чернева го пренесе задоволството за прифаќањето на поканата за вклучување на Димитров во Советот и нагласи дека е прилика за заедничко делување во насока на зацврстување на вредностите на меѓународниот поредок, но и зближување на Европа и застапување на европската иднина на Западниот Балкан.

– Преку членството во Советот на ЕЦФР кое се надоврзува на неговите професионални ангажмани, вицепремиерот Димитров ќе продолжи да се залага за европската иднина на Западниот Балкан, се додава во соопштението на СЕП.

ЕЦФР ги обединува најистакнатите високи претставници и експерти од областа на надворешната политика, во стратешки ориентирана пан-европска заедница посветена на развивање политики засновани на вредности, унапредување на стабилноста и сигурноста на Европа. Актуелни претседавачи на Советот се Карл Билд, поранешен шведски премиер и специјален претставник во мисии на ОН и ЕУ, д-р Лик Фрајс, директорка на данскиот тинк-тенк Европа и Норберт Ротген, германски пратеник и претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk